Parents - Родители

Важност на успешната комуникација на релација наставник-родител

Комуникацијата со родителите треба да биде постојана во текот на целата учебна година, а не само во одредени случаи кога ќе се појави некој проблем. Тековната комуникација со родителите овозможува тие да се во тек и да бидат присутни и ангажирани во училишниот живот на нивните деца преку целата учебна година и истовремено им помага и на учениците да комуницираат со своите родители во однос на нивните потреби, желби и цели кои се однесуваат на целокупниот училишен живот. На ваков начин, преку континуирана комуникација, сите ќе бидат во тек со училишните случувања.

Ви претставуваме неколку предлози во форма на совети како наставниците да бидат во континуиран контакт со родителите на учениците.

  • Редовната комуникација со родителите е многу важна. Со родителите, како наставници, комуницирајте континуирано, а не само кога ќе се појави одреден проблем. Контактирајте ги и информирајте ги во однос на постигнатите успеси, но исто така и за одредени неуспеси.
  • Кога ги контактирате родителите за одреден проблем, потрудете се покрај негативното, да изнесете и одредени позитивни работи за нивното дете. Ваквиот пристап ќе создаде релаксирана комуникација која се темели на доверба и искреност, а родителите нема да имаат чувство дека ги контактирате да им пренесете информации кои се сведуваат само на проблеми.
  • Новата комуникациска технологија нуди да бидете групно поврзани со родителите. За таа цел креирајте Viber група во која ќе ги вклучите родителите на учениците. На ваков начин ќе бидете во постојана заедничка комуникација со сите родители.
  • Во комуникацијата со родителите вклучете го и ученикот, на тој начин се создава една меѓусебна доверба каде сите страни отворено ќе можат да кажат свое мислење, видување и став.
  • Мислењето од родителите е многу битно, за таа цел контактирајте ги родителите за одреден настан, новитет, случување итн. Трудете се родителите да бидат вклучени во училишниот живот, на тој начин нивниот ангажман, информираност и допринос ќе биде голем, а вие од нив ќе имате нивна поддршка.
  • Комуникацијата со родителите по електронска пошта исто така е корисен начин на комуницирање.
  • Континуираната комуникација со родителите ќе ви овозможи да ги пронајдете заедничките допирни точки, заедничките цели и интереси, а истовремено ќе ги дознаете нивните желби во однос на ивните деца и ќе дознаете што е за нив мотивирачко.
  • Потрудете се родителите активно да ги вклучите во училишниот живот преку нивно физичко присуство во училиштето. На тој начин тие ќе можат пореално да ја согледаат целокупната ситуација и начин на функционирање на училиштето. Ова е можност тие да ги согледаат реално сите предизвици, проблеми и позитивни страни со кои секојдневно се сретнуваат наставниците и останатите чинители на воспитно-образовниот процес.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.