Parents - Родители

Соработка помеѓу родителите и наставникот

Секое училиште кое сака да држи до сопственото реноме, треба да воспостави добри односи и плодна соработка со родителите на учениците кои се дел од тоа училиште. Соработката помеѓу родителите и наставниците треба да се темели на взаемни интереси и соработка кон изнаоѓање заеднички решенија за сите чинители на воспитно-образовниот процес. Добрата соработка не подразбира кога комуникацијата се одвива на висок тон кога една или друга од страните покажува лутина, па дури и агрсивност. Исто така добрата соработка не подразбира ниту пасивен и незаинтересиран однос кој би бил карактеристичен за една од страните или пак и за двете страни. Добрата соработка ќе постои кога ќе биде присутно взаемното почитување, желбата за комуникација, меѓусебното разбирање и реализирање на заеднички активности за доброто на учениците. Соработката помеѓу наставниците и родителите може да биде заснована на традиционален или пак на партнерски однос. Каква ќе биде таа зависи и од одредени фактори меѓу кои поевидентни се: законската рамка, индивидуални карактеристики на наставникот, односно родителот, училишната клима итн.

родителии-2

Најчести облици на соработка помеѓу родителите и наставниците – Најчести облици на соработка кај нас се родителските состаноци на кои се разговара за различни теми и прашања кои ги засегаат и наставниците и родителите, а секако и учениците. Родителските состаноци треба да претставуваат алатка преку која родителите ќе бидат поттикнати и на други облици на соработка. Успехот и изостаноците како и поеднинечната дисциплина на секој ученик не треба да имаат приоритет на групните родителски средби, за нив може да се дискутира и на индивидуалните средби со родителите, а на тие индивидуални средби може да бидат вклучени и други претставници од училиштето (стручен соработник или директор). Индивидуалните средби исто така се еден облик на соработка со родителите. Писмените пораки (во електронска или хартиена форма) се корисен облик на комуникација во соработката со родителите. Овој начин на комуникација се реализира кога на родителите им се дава на увид тест или писмена работа сработена од ученикот, известување за реализација на екскурзија или излет. Посета на домот на ученикот исто така е еден начин на соработка со родителите, кој не е толку практикуван и се применува во одредени услови, посебно кога и по неколку известувања за средба и соработка, родителот не пројавува интерес.

Други облици на соработка и комуникација со родителите е за време на различни свечености и манифестации организирани од страна на училиштето, предавања организирани специјално за родителите, покана на родителите да предаваат во училиште во однос на професијата што ја извршуваат, а таа е поврзана со одредена наставна содржина, или пак тоа предавање од родителот може да биде во насока на професионалната ориентација на учениците.

родителли-3

Зошто е битна соработката на наставниците со родителите – Континуираното вклучување на родителите во училишниот живот и соработката со нив е од големо значење со цел родителите комплетно да имаат увид и непосредно да можат да ја согледаат работата на училиштето во сите негови сегменти и реално да ги согледаат не само бенефитите од училишниот живот, туку и секојдневните проблеми со кои се среќаваат наставниците и другите претставници од училиштето. Присуството на родителите во училиштето и соработката со училишните претставници е битно и во насока (секако, доколку од нивна страна се покаже соодветен интерес и заложба) на нивното влијание, ангажман и допринос за подобрување на успехот и однесувањето на учениците. Праксата кај нас покажува дека просторот за активно вклучување на родителите во училишниот живот сè уште е голем. Сумарно гледано анализите покажуваат дека интересот за активно вклучување од страна на родителите не е голем, нивното присуство и интерес во училиште е само во оние случаи кога ќе почуствуваат одреден проблем во однос на нивното дете или пак кога училишниот ред на реализирање на наставата нема да биде во согласност со нивните видувања или пак дневен распоред на реализација на нивните животни обврски. За надминување на оваа состојба училишните претставници треба да ги мотивираат и да им предочат на родителите дека нивното присуство и интерес во училиште треба да биде на дневна основа преку давање конструктивни предлози, совети и помош во сите сфери.

родителии-4

Како наставникот да поттикне квалитетна соработка со родителите – Некои од добрите совети за поттикнување квалитена соработка со родителите е воспоставување плодна соработка со нив уште на самиот почеток од учебната година, а не во текот на учебната година кога ќе почнат да се појавуваат проблемите. Добрата воспоставена комуникација со родителите добро е да се надоградува и зголемува континуирано во текот на целата учебна година преку различни формални, па дури и неформални начини на соработка. За време на средбите на родителите не треба да им се посочуваат само лошите и негативни страни манифестирани од нивното дете/деца, напротив треба да се споменат и посочат и добрите страни, на ваков начин родителот полесно ќе ги прифати критиките и негативностите и ќе покаже поголем интерес за нивно намалување и целосно сузбивање. Секој наставник треба да се интересира и да се труди да ги запознае родителите на секој ученик. За таа намена наставникот може да примене различни методи и техники, на пример пишување писмен состав на тема „Моето семејство“. По нивното запознавање и остварени контакти наставникот може да предложи или пак да ги праша родителите во кој сегмент од училишниот живот може да ги вклучи. Родителот согласно неговите интереси, професија или хоби може да даде свој придонес за поквалитено функционирање на паралелката каде учи неговото дете или пак допринос во целокупното успешно функционирање на училиштето.

Училиштето кое е насочено кон ученикот неминовно го смета родителот како составен дел од училишниот живот без кој не може да се замисли успешното функционирање на училиштето. Родителите треба да ги респектираат и уважуваат родителите на ист начин како што и тие сакаат да бидат респектирани и уважувани од страна на родителите. Улогата на наставникот и родителот во воспитувањето на ученикот иако се различни, сепак се комплементарни. За соодветен и правилен развој на ученикот неопходна е взаемна соработка, почитување, размена на информации и надополнување помеѓу наставникот и родителот. На ум треба да се има правилниот развој на ученикот за кој и двата субјекта (наставник-родител) имаат подеднаков интерес.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.