Parents - Родители

Извори на конфликт помеѓу наставниците и родителите

Една од основните причини за недоразбирање на наставниците и родителите е различната перцепција на една иста работа или личност. Пример, една страна (наставникот) ученикот го гледа како недисциплиниран и непристоен, а пак другата страна (родителот) го гледа како енергичн и спонтан. Има примери и каде еден ученик во училиште може да биде молчелив и повлечен, а пак дома разговорлив и отворен.

Во однос на оценките и тие може да бидат предмет на недоразбирање помеѓу наставникот и родителот. Има родители кои лошите оценки на нивното дете ги прифаќаат со разбирање и во комуникација со наставникот се трудат да изнајдат заеднички јазик како да се подобри успехот на ученикот, а од друга страна има родители кои негодуваат на лошите оценки и сметаат дека нивното дете заслужува повисоки оценки и често неуспехот го примаат лично сметајќи дека за лошите оценки училиштето и наставниците мислат дека е виновен родителот. Ваквите родители често го напаѓаат наставникот велејќи му дека не оценува објективно и дека има нешто против неговото дете.

Недоразбирањата и конфликтите помеѓу родителите и наставниците настануваат и во случаи кога родителите сакаат да ги избегнат нивните родителски обврски поврзани со училиштето и учењето на нивното дете, а за неуспехот како продукт од нивната неодговорност и неангажираност ги обвинуваат наставниците. Ова е пример кај недоволно образовани родители кои сметаат дека само наставникот треба да работи во училиште со нивното дете без тие да вложат одреден напор во однос на учењето во домашни услови. Недоразбирањата и конфликтите помеѓу родителите и наставниците настануваат и во ситуации каде родителите се високо образовани и ги потценуваат наставниците сметајќи се себеси постручни и посбособни во однос на нив.

Сепак, мора да изнесеме и примери каде се јавува и оправдан револт од страна на некој родител кој револт се базира на тоа да наставникот има свој миленик или неколку миленици во паралелката или класот и тие во многу нешта се фаворизирани во однос на другите ученици. Во вакви ситуации отворениот револт и конфликт со наставникот, на родителот нема да му донесе некој бенефит. Најдобро е тој да се обиде со наставникот да зборува смирено и конструктивно и да замоли за помош. Ваквиот начин на комуникација има поголеми шанси да вроди со плод и позитивен исход.

Конфликт-2.jpg

Како наставникот да се справи со родители кои имаат низок степен на разбирање и толеранција – Со поголемиот број родители може да се реалзира добра комуникација и соработка, но сепак има случаи кога одредени родители не се објективни кога е во прашање нивното дете. Има различни родители кои негативно реагираат во однос на нескано однесување на нивното дете во училиште. Ваквите родители обично се агресивни и одбиваат да разговараат за проблемот и се спремни за недоличното однесување физички да го казнат своето дете. Има родители чие дете е проблематично и повиците на наставникот ги занемаруваат. Тие веднаш одат кај директорот на училиштето или училишната стручна служба каде се жалат дека наставникот има нешто против нивното дете. Има родители кои не сакаат да разговараат за нивното проблематично дете, вадејќи се со разгвори кои се базираат на семејни проблеми. Без разлика на карактерите на родителите, наставникот секогаш треба да биде смирен и одмерен во комуникацијата со нив. Добро е внимателно да ги сослуша и да разбере што е тоа што нив вистински ги мачи и да се обиде да изнајде правилно решение.

 Како причина за недоразбирање и конфликти помеѓу наставниците и родителите често се јавува впечатокот кој го имаат родителите дека од страна на училиштето и наставниците не се доволно сослушани и не се доволно и правилно разбрани. Од тие причини добро е наставникот повремено да се преиспита како одредена постапка или ситуација би се одразила кај родителите и како во однос на истата да се изнајде начин за правилно справување со несаканите последици. Исто така, многу е важно да им се објаснат на родителите одредени ставови и училишни политики (засновани на законската регулатива) за да на родителите нештата поврзани со училиштето им станат појасни, а со цел да се намалат несаканите ситуации и конфликти.

Конфликт-3

За успешна соработка секогаш се потребни две страни со позитивни гледишта и однесување. Иако поголемиот дел од иницијативите за соработка со родителите произлегуваат од страна на училиштето, и наставниците и родителите треба да покажат соодветен интерес за училишниот живот. Искрениот пристап и подготвеност за давање помош манифестирана од страна на родителите за соработка и поддршка, со сигурност ќе биде препознаен од страна на училиштето и наставниците и тој родител ќе биде соодветно прифатен и почитуван.

Има и ретки ситуации кога наставникот не е кооперативен и спремен за соработка, ситуации кога речиси е невозможно да се воспостави комуникација со наставникот. Во вакви ситуации родителот може да побара соодветна помош од другите релевантни фактори во училиштето (директор, стручна служба), а како крајна опција да го запише своето дете да учи во друго училиште. Сепак, ваквите случаи се занемарливи во однос на целокупниот воспитно-образовен систем.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.