Uncategorized

Значењето на приказните создадени од страна на децата

Децата често имаат потреба нешто да раскажат и да споделат со останатите, без разлика дали тоа е случка, некоја желба, замисла или пак приказна. Во таа нивна намера не така ретко се случува тие да бидат прекинати од страна на оние кои ги слушаат, а често без некоја посебна причина. Слушањето на приказните кои ги раскажува детето без разлика дали станува збор за измислени или вистински случки е многу важно, како во училиште, така и во кругот на семејството. Слушателите, посебно возрасните треба да се научат на активно слушање на детските приказни/раскажувања, затоа што на тој начин детето се охрабрува да комуницира, стекнува доверба кон лицата од неговото опкружување и гради самодоверба.

Слушањето на детските приказни е важен момент од кој може да се извлечат позитивни нешта, како на пример: идеја како наставникот да реализира наставна содржина на некој поинаков, покреативен начин, да открие кој е интересот на учениците, да се отвори дискусија за поимите содржани во приказната на детето итн.

По изнесувањето на приказната, од страна на наставникот и родителот пожелно е да се отвори расправа околу раскажаната приказна преку поставување на следните прашања:

  • Каде се случува дејството на приказната?
  • Кои се главните ликови во приказната?
  • Кои од ликовите се негативни, а кои позитивни?
  • Како започнала приказната?
  • Кој е проблемот во приказната?
  • Како се решил на крај тој проблем?
  • Дали може да го измениш крајот на приказната?
  • Како би постапил да си ти на местото на (главниот лик)?

Во семејството, уште од мали нозе на детето, важно е да се создаде култура за читање приказни. На тој начин детето побргу ќе научи да комуницира, а комуницирањето уште од самиот почеток ќе му биде чисто и јасно, кај детето се раѓа љубов кон пишаниот збор, и не само што се раѓа желба за прераскажување на приказни, тоа самото се обидува и нив да ги измсли и создаде, а често и писмено да ги прераскаже. Во секој случај раскажувањето приказни од мали нозе создава многу позитивни нешта кај самото дете: самодоверба, добра комуникација, немање страв од јавен настап, слобода во комуникација со околината итн.

Добро е детето од страна на родителите и наставникот да се запознае и со народното творештво, односно народните приказни. На тој начин тоа ќе има можност одредена приказна да ја слушне и во неколку варијанти, а истовремено кај него ќе се поттикне љубовта кон: народното творештво, родниот крај, земјата во која живее итн.

Без разлика на брзото темпо кое го има наметнато животот, родителите секогаш треба да најдат време и самите да посакаат да слушнат приказна од нивното дете. На тој начин родителот индиректно ќе може да слушне и други размислувања и видувања од детето за кои можеби до тогаш и не бил свесен.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.