Teachers - Наставници

Навики кои го намалуваат стресот во текот на денот

Стресот стана составен дел од современиот начин на живеење. Без разлика на која работна позиција и во која институција е извршителот на работните задачи, тој речиси секојдневно се сретнува со стресни ситуации. Истото важи и за вработените кои извршуваат работни задачи поврзани со воспитно-образовниот процес.

Во продолжение на текстот ќе претставам препораки кои влијаат на намалување на стерсот и не само за лицата вработени во настава, туку воопшто, сугестии препорачливи за секоја работна позиција во секоја институција.

Тргнете 10 минути порано – трудете се на работното место да стигнете порано, за таа цел тргнете 10 минути порано од вообичаеното време кога сте тргнувале претходно, тоа за вас ќе биде многу порелаксирано, на работнот место ќе имате одредено време релаксирано да се подготвите за работните задачи кои ве чекаат, а истовремено ќе ја избегнете и гужвата во сообраќајот. Обично луѓето кои навремено и порано доаѓаат на работа им се пример на останатите и на нив гледаат како на професионалци во нивната дејност.

Подгответе се од навечер – потребните работи за на работа подгответе ги уште од навечер, пред легнување, тоа подразбира, работниот материјал ставете го во чанта уште од навечер, истото важи и за паричникот, клучевите од колата и станот. На овој начин го намалувате утринскиот стрес.

Прво приоритетните работи – во текот на работниот ден излегуваат многу работни задачи. Пред да преминете на решавање на истите запрашајте се која од нив е најприоритетна? Која е целта и исходот од завршувањето на работната задача?

Работните задачи извршувајте ги една по една – на работните задачи пристапете им редоследно според нивниот приоритет. На тој начин не ризикувате да навлезете во подрачје каде ќе започнете да работите на повеќе работи истовремено, а како исход од тоа да бидат половично завршени или целосно незавршени работни задачи.

Насочете се на приоритетната цел – кога се чувствувате заморно, тој ден насочете се  конкретно кон работната цел за тој ден без да размислувате и да се оптеретувате со работните задачи и цели кои следуваат во иднина.

Паузите користете ги продуктивно – паузите кои ви следат за време на работата користете ги на тој начин што ќе се опуштите (максимално користете ја паузата за намената за која сте ја зеле, пример: доручек или ручек, пиење кафе, чај или некој освежителен пијалок). Немојте тоа да го правите набрзина, опуштете се при користењето на паузата.

Работете без да ве вознемируваат одредени средства и предмети – пред да преминете на работните задачи исклучете ги или отстранете ги од ваше видно поле некои средства или предмети кои може да ви го привлечат вниманието или да ви ја нарушат концентрацијата. Тука првенствено станува збор за мобилен телефон и слични уреди на него.

Побарајте помош – доколку за одредена работа имате проблем, или не ви е доволно јасна, побарајте помош од вашите колеги, прашајте ги за мислење како тие би постапиле во дадената ситуација. Но, не заборавајте и вие да бидете подготвени за давање помош кога истата ќе биде побарана од вас.

Користете повеќе време за решавање на проблемот – Поголемиот дел од вашето работно време користете го за изнаоѓање конкретни и применливи решенија, а само мал дел од времето користете во однос на размислување за проблемот.

Мејлови и пораки – на мејловите и пораките трудете се да одговарате еднаш во текот на работното време. Честото следење и одговарање на мејловите и пораките ве деконцентрира, ви одзема време и делува на некој начин стресно врз вас. Најдобро време да се одговори на нив е на крајот од работното време (доколку нешто е премногу итно сигурно ќе ве побараат на телефон).

Работно и приватно време – Направете јасна дистинкција помеѓу работното и приватното време од денот. Ваквата јасно поставена граница во голема мерка влијае на намалување на стресот.

Уреден живот – Уредниот живот ги намалува стресните ситуации. Од тие причини редовната исхрана, сон и физичка активност позитивно ќе влијаат на намалување на стресот, а вие ќе се чувствувате поенергично, пооптимистично и ќе бидете полни со позитивна енергија.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.