School - Училиште

Училницата место во кое учениците ќе се чувствуваа пријатно

Наставникот не трба да се доживува само како личност која продуцира знаење, а кое знаење го добиваат учениците. Наставникот е личност која има силно влијание во градењето на еден ученик во личност која со своето однесување и залагање ќе биде корисен член на општеството. Ова посебно е евидентно последниве години, кога родителите „благодарејќи“ на своите работни обврски немаат доволно време да посветат на своите деца, било за која потреба, па тие не така ретко помош и совети бараат од наставниците. Ова за наставниците претставува една голема одговорност затоа што тие покрај наставната улога во училиште имаат воспитно-советодавна улога кон учениците.

Секој наставник, посебно оние со подолг работен стаж, во својата кариера се имаат сретнато со излагања на учениците (состави, есеи, задачи) каде тие ги изнесуваат своите проблеми и потешкотии. Затоа улогата на наставникот, покрај другото, е да обезбеди и сигурна средина за ученикот, а тоа е училницата, каде тој ќе се чувствува сигурно и пријатно.

Што е синоним за училница како место каде ученикот ќе се чувствува сигурно и пријатно? Децата исто како и возрасните имаат сопствени емотивни потреби при нивниот раст и развој. Овие потреби треба да му се овозможат на детето од страна на наставникот, без разлика на тоа дали на детето таа поткрепа и сигурност му е овозможена во неговиот дом. Наставникот треба да се труди атмосферата во училницата да ја направи пријателска каде учениците ќе се чувствуваат среќно, сигурно и пријатно. Доколку на емотивните потреби на ученикот не се реагира соодветно се ризикува кај ученикот да се јават одредени негативни последици од недостатокот на емотивна сигурност кои последици може да бидат трајни и сериозни. Децата кои не се чувствуваат емотивно и друштвено сигурни имаат проблеми во усвојувањето на наставниот материјал. Затоа, наставникот треба да издвои време каде ќе работи со учениците на градење на компонентата која подразбира емотивна и друштвена стабилност и сигурност. Идеален термин, а не само тој, е одделенскиот/класниот час. На овие часови одделенскиот/класниот раководител може да разговара со учениците на различни теми од општествено-социјалниот живот каде учениците ќе ги презентираат своите потреби, ќе кажат што им претставува потешкотија и проблем, но секако ќе ги изнесат и споделат и позитивните нешта. За оваа намена во основните и средните училишта постојат „Прирачници за образование за животни вештини“ кои опфаќаат најразлични теми од општествено-социјалниот живот. Постојат четири прирачника и тоа три во основното образование (според образовниотпериод, I образовен период од I до III одделение, II образовен период од IV до VI одделение и III образовен период од VII до IX одделение) и еден прирачник за средно образование. Прирачниците се усогласени според развојните карактеристики и образовниот период на учениците и опфаќаат теми кои се интересни и актуелни за нивната возраст. Пред да се реализираат содржините од прирачникот, наставникот треба да им постави на претходниот час неколку прашањеа за кои учениците ќе размислуваат. Ваквите прашања ќе ги поттикнат учениците да се преиспитаат себеси во однос на некоја тема какво размислување имаат и истото заедно ќе го споделат со своите соученици. Наставникот за време на овие часови не треба да им сервира одговори и решенија, напротив, треба да ги поттикне самостојно да дојдат до правилното решени во однос на нивниот социјално-емотивен живот. Наставникот треба да внимава на секој ученик да му даде соодветно време каде тој ќе има можност да го изнесе сопственото размислување или став. Наставникот треба да ги поттикнува учениците тие своите ставови да ги изнесуваат отворено и без страв. Преку претходно споеменатите часови, учениците ќе имаат можност да се произнесат во однос на нивните опшествено-социјални ставови, лично за себе и нивното опкружување, на тој начин отворено ќе се дискутира за нивниот друштвено-социјален живот, а на тој начин надлежните ќе имаат повратни информации на таа тема. Преку добиените информации надлежните ќе имаат можност да се потрудат на учениците да им обезбедат соодветна училишна клима и место каде тие ќе се чувствуваат пријатно и сигурно.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.