Students - Ученици

Неуспехот (на учениците) како составен дел од училишниот живот

Нема да погрешам доколку кажам дека наставниците успехот на учениците го доживуваат исто како и самите ученици. Тоа се должи на тоа што и тие во тој нивен успех имаат вложено еден добар дел од себе преку најразлични активности (предавање, советување, поттикнување, мотивирање укажување итн.) на тој начин се чувствуваат корисно и се задоволни од она што го работат. Но, исто така слободно можам да кажам дека и неуспехот го доживуваат како и самите ученици, иако тоа можеби на прв поглед не може да се забележи. Добар дел од наставниците неуспехот на учениците го доживуваат како личен неуспех. Од тие причини улогата на наставникот е многу голема во тоа да ги подучи учениците како да успеат да стигнат до посакуваната цел, но да ги научи и како да се справат со неуспехот кој е составен дел од животот.

            Наставникот треба да разбере дека лошиот успех и лошото однесување се составен дел од училишниот живот. Во вакви ситуации тој мора да ги насочи учениците да се справат со настанатата ситуација во однос на успехот и однесувањето кое го манифестираат, но истовремено, да им укаже на грешките и заедно со нив да работи на нивно надминување каде неуспехот ќе се претвори во успех. Во суштина нереално е да се очекува дека сите ученици во училиштето ќе манифестираат добар успех и однесување. Има ученици кои тешко може да се справат и да го поднесат неуспехот, посебно кога тој е неизбежен. Тие се склони кон анксиозност. Во денешно време очекувањата од учениците се големи и од различни страни, очекувања од нивните родители, очекувања од наставниците, очекувања од опкружувањето и сл. За да се намали притисокот кај учениците од очекувањата кои тие треба да ги реализираат, најдобро е да им се укаже дека при сплет на различни околности неуспехот може да се случи, но треба да се работи на негово надминување.

            Улогата на наставникот, кога детето ќе доживее одреден неуспех, е да му укаже дека тоа треба да се справи со него, да му даде до знаење дека знае за неговото  разочарување и дека за надминувањето на неуспехот тој е секогаш покрај него и ќе му помогне заедно да го надминат. Наставникот на ученикот треба да му укаже дека секој во својот живот доживува одреден неуспех, ако е потребно нека му раскаже за доживувањето на некој неуспех со кој тој се има соочено. Преку давање совети и поткрепа ученикот полесно ќе го доживее неуспехот и полесно ќе се справи со фрустрациите и разочарувањата. На учениците многу им значат советите дадени од страна на наставниците. Искористете ја ситуацијата на доживеаниот неуспех детето да го направите поотпорно на случувањата кои ги носи животот. Поразговарајте на што се должи доживеаниот неуспех и разочарување и направете заеднички план како неуспехот ќе се надмине за да не се повтори во иднина. Неуспехот не треба да се занемари, тој треба да се искористи како искуство и прилика од која може секогаш да се научи нешто ново.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.