Students - Ученици

Односот на наставникот кон различните видови ученици

Секој наставник во својата кариера се има сретнато со различни видови карактери на ученици во однос на нивното воспитување што за него претставувал посебен предизвик. Денес таа разлика е уште поголема, денес има различни видови на ученици со многу различни карактери кои карактери имаат најразлична позадина и потекло.

Различни типови ученици своето однесување може да го манифестираат на разлини начини: попречување во реализацијата на наставата, лоши оценки, хиперактивност проблематично однесување итн. На наставниците понекогаш им е тешко да ја задржат својата смиреност и разбирање и навремено и соодветно да реагираат во одредена ситуација. Следуваат неколку совети како наставникот позитивно да реагира во однос на различни типови наставници.

Подеднакво однесување кон сите ученици

Учениците кои се трудат да го поправат своето неприфатливо однесување, без разлика на видот на причината, нема секогаш лесно да им оди постигнувањето на посакуваната цел, ќе се случува и понатаму да ги повторуваат истите грешки. Во такви ситуации немојте да ги спречувате со констатации – колку и да се трудат тие ќе останат такви кави што се. Наместо тоа прашајте ги на што се должи повторното неприфатливо однесување, како се случило да ја повторат истата грешка. Овој пристап треба да се користи во однос на учениците кои се помалку проблематични во нивното однесување, на ваков начин им се дава можност заедно со наставникот да се преиспитаат и да утврдат зошто се повторуваат истите грешки. Преку позитивниот пристап, кон учениците кои имаат проблематично однесување, им се дава до знаење дека наставникот не ги двои учениците, туку, дека тој има подеднаков однос кон сите ученици. Преку различниот пристап кон ученикот, зависно дали едниот е дисциплиниран, а другиот не е, наставникот ризикува да поттикне уште попроблематично однесување кај некои ученици, што ќе резултира со уште поголеми проблеми. Ниеден ученик не сака во училишната средина да се чувствува помалку вреден од своите соученици.

Во своето рботење користете позитивни коментари

Без разлика на карактерот и однесувањето на ученикот, секој ученик сака да биде пофален и да му се посвети внимание. На тој начин му се дава до знаење дека неговата работа и активност се следи и вреднува, дека и тој има ист, подеднаков, третман како и секој ученик. Позитивниот однос и коментари кај секој ученик влијаат мотивирачки и поттикнувачки. Некои коментари кои може да ги искористите во комуникацијата со учениците.

  • Оваа активност не беше едноставна, но ти сепак се потруди и даде сè од себе.
  • Денес посебно се потруди, погледни колку е добар твојот успех.
  • Сигурно си поносен на сработеното, и трба да бидеш, ова е добро сработено.
  • Денес беше одличен, активен и успешен во целиот дел од наставата.
  • Ти честитам (користете го често во комуникацијата со учениците за добро завршена работна задача).

Трудете се на родителите да им дават позитивни информации за неговото дете

Родителите секогаш стравуваат за своите деца во однос на тоа како ќе се развиваат во животот. Имајќи прдвид дека наставниците имаат важна улога во воспитувањето на учениците, битно е на родителите да им се даде соодветна и вистинска информација. Трудете седа ги истакнете и добрите работи колку и да се тие минимални. Колку и да е нивното дете проблематично, како наставник трудете се тоа да им го кажете на еден пристоен начин, преку истовремено охрабрување дека несаканото однесување може да се надмине со заеднички вложен труд (на наставникот и на родителот).

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.