Students - Ученици

Насилство врз наставниците

Тема која за жал во последно време е сè поприсутна во училиштата, а за која многу малку се зборува. Насилството манифестирано од страна на учениците кон наставниците може да биде различно. Потипични се вербалното, психичкото и физичкото насилство. Доколку се обидеме да го детектираме изворот на овој проблем, први ќе се појават родителите и семејството како и нивниот начин на влијание и воспитание врз детето, заснован на давање преголема слобода, а запоставеност во следењето и неговиот развој. Но за волја на вистината ова не е единствената причина за насилно однесување манифестирано од страна на учениците. На овој проблем треба да му се пристапи институционално и навремено.

Овој проблем, насилно однесување врз наставниците, доколку зборуваме за нашите училишта поевидентен е во погорните одделенија од основното образование и во средното образование. Оваа појава не е толку масовна, но сепак е присутна. Во разговор со различни чинители на воспитно-образовниот процес имам забележано дека несоодветното однесување и насилство врз наставниците, а манифестирано од страна на учениците е позастапено во урбаните (градските средини), за разлика од руралните (селските средини). Сите училишта во нашава земја имаат нулта толеранција кон насилното однесување, без разлика од кого тоа е предизвикано, но сепак е евидентно и присутно.

За намалување на овој ризик наречен насилно однесување најдобро е секое училиште да има изготвено план, односно стратегија која ќе ја применува во пракса. Во истата треба да бидат вметнати правила на однесување за учениците и наставниците, а и за останатите кои се чинители на училишниот живот (стручна служба, училишно раководство, техничка служба, родители итн.). Правилата може да бидат преточени во Кодекс за однесување истакнат на видно место во училиштето и правила на однесување за секоја паралелка. Правилата треба да бидат составени од учениците во паралелката и наставникот/наставниците кои изведуваат настава во таа паралелка. Во однос на правилата, на сите треба да им биде јасно штом тие се донесени и истакнати треба да се почитуваат од сите, а секое непочитување треба да повлекува санкции.

violenceclassroom

Причината за насилно однесување манифестирано од учениците кон наставниците како што кажавме може да биде семејството, односно нарушените односи во семејството манифестирани со малтретирање на детето, физичко и психичко насилство, социјална несигурност итн., а како надворешни влијанија може да бидат друштвото на ученикот, верски и национални разлики, полови  и расни предрасуди и сл.

Наставникот насилниот ученик треба да го распознава според знаците кои ги манифестира при неговото однесување. Согласно нив треба да преземе одредени педагошки мерки, а доколку и тие не делуваат пожелна е консултација со училишниот педагог и психолог и доколку се смета за потребно со родителот на ученикот и директорот на училиштето. Наставникот не треба да наседнува на провокациите од насилниот ученик затоа што може самиот себе да се доведе во несакана ситуација, а во таква ситуација може да го доведе и целото одделение. Конфликтната ситуација со ученикот наставникот треба да ја решава насамо со ученикот, а не во јавност и притоа треба да биде смирен и присебен.

Доколку училиштето нема донесено одреден план и насоки како да се реагира со насилниот ученик, најдобро би било наставникот да остане смирен и таквиот ученик да го изолира од паралелката или од местото каде се случува инцидентот. Доколку како наставник не сте во можност да го изолирате насилниот ученик, тогаш изолирајте ги останатите ученици од местото на инцидентот. Како наставник ако сте изложени врз вас да се случува насилство од ученик, вие не би смееле да вратите на ист начин кон насилниот ученик. Најдобро е да го документирате настанот, да се обидете да го смирите ученикот и да повикате помош. Доколку сте во училиште од колегите, а доколку сте надвор од органите на редот и мирот.

Насилното однесување од страна на ученикот врз наставникот остава непријатно чувство и траума, секој таквиот инцидент го преживува на свој начин. Во такви моменти на наставникот му е потребна поддршка од сите страни, стручната служба од училиштето, училишниот директор, а најмногу од неговите колеги. Директорот на училиштето треба да биде целосно информиран со таквиот настан и треба да ги преземе сите мерки во иднина таква немила случка да не доживее ниту еден наставник.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.