Students - Ученици

Несогласување помеѓу наставникот и ученикот

Работата на наставникот е многу одговорна и тешка, но од друга страна примамлива и исполнителна затоа што наставникот извршувајќи ги своите работни задачи, од мали нозе креира и насочува една личност, која под претпоставка, во иднина треба да стане корисен член на општеството. Во училишниот живот и не е сè така розово, има случки на меѓусебна нетолеранција и несогласување манифестирани од двете страни (наставник-ученик).

Меѓусебните несогласувања на релација наставник-ученик не треба да продуцираат лош образовен квалитет и исход. Затоа, неопходна е меѓусебна толеранција и надминување на наесогласувањата во насока на успешен училиштен процес и реализирање на зацртаните цели. Пројавените несогласувања и недоразбирања може да се надминат само преку заеднички залагања и вложен труд.

Најголемите несогласувања помеѓу наставникот и ученикот евидентни се кога ученикот доцни на часови, не пишува домашна, непримерно се однесува за време на часовите. Барањата на наставникот поставени на високо ниво кај учениците предизвикува револт и несогласувања, од тие причини наставникот треба да ги практикува пропишаните законските барања, училишните критериуми и стандарди и тоа јасно да им го укаже на учениците, да им објасни дека тоа не го практикува затоа што нему така му текнало, туку затоа што тоа го налага целокупниот образовен систем.

Во училишната пракса постојат наставници кои по својата природа се многу сериозни, ретко се смеат, а понекогаш на учениците им се обраќаат со висок тон. Тие во својата пракаса како педагози не даваат пофалби и не делуваат стимулативно кон учениците што пак кај учениците таквиот начин на однесување од страна на наставникот делува демотивирачки. Сериозните „намчорести“ наставници, кои обично така се нарекувани од страна на учениците и нивните родители, преку таквото нивно однесување на учениците сакаат да им дадат до знаење дека непишувањето домашни задачи, непримерното однесување на часови, бегањето од часови нема да биде толерирано од нивна страна. Ваквото однесување од страна на овие наставници кај учениците може да делува застрашувачко и да предизвика нивно меѓусебно несогласување. Во суштина овие наставници преку нивното однесување сакаат да им дадат до знаење на учениците дека тие од нив бараат да бидат трудољубиви, чесни, активни, грижливи, едноставно да ги изведат на правилниот животен пат. Но, согласно возраста на учениците, нивните интереси, бунтовноста и љубопитноста, овие наставници сакајќи да направат добро за учениците предизвикуваат револт и непочитување. Најдобро е наставникот да избере соодветен метод и пристап како ќе ги поттикне и мотивира, а притоа да не предизвика несогласување на релација наставник-ученик, секако, истовремено треба да им даде на учениците до знаење дека помеѓу нив постои одредена линија, која не треба да се премине, ниту од едните ниту од другите, да се знае на кого каде му е местото во училишната хиерархија.

На крај може да се констатира дека и наставниците и учениците се човечки суштества со сопствени карактери и начин на однесување согласно нивната возраст. Доколку има одредени нивни меѓусебни недоразбирања најдобро е истите да се надминат со меѓусебен разговор. Доколку и тоа не помага најдобро е и од едната и од другата страна да се задржи основното цивилизациско меѓусебно однесување.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.