Teachers - Наставници

МЕНТОРИРАЊЕТО НА НАСТАВНИКОТ ПРИПРАВНИК – КАКО ПРОЦЕС

За менторството може да се каже дека е една од многуте алатки кои воспитно-образовниот процес го прави поуспешен. Тоа е од големо значење за самиот наставник-приправник и училиштето во кое тој засновал работен однос. Менторството на поединецот, наставникот-приправник, му овозможува подобро да го осознае и искористи сопствениот потенцијал, а со самото тоа училиштето добива стручен и оспособен наставен кадар за реализација на наставниот план и програма.

Во суштина основата на менсторството е дека тоа претставува процес во кој менторот на менторираниот (наставникот-приправник) му помага да се разоткрие себеси во однос на своите способности поврзани за воспитно-образовниот процес и општо за себе како личност вклучена во тој процес. Како заеднички елементи карактеристични за менторкиот процес, а извлечени од дефинициите за менторството може да се споменат: градење на добри професионални односи, поддршка и јакнење на професионалниот развој на наставниците, јакнење на личниот допринос и поддршка, заснованиот однос и пријателство помеѓу наставникот-ментор и наставникот-приправник често се случува да продолжи и во текот на нивниот заеднички професионален век, менторството како процес е од големо значење за двете страни (ментор-менториран).

За да се разбере и практикува на правилен начин менторскиот процес во училиштата, треба да се знае што не е менторство. Менторството не е градење процес во кој менторот се поставува во однос на наставникот-приправник како тутор, тоа значи наставникот приправник од менторот нема да добива стручно знаење и насоки за негово стекнување, туку напротив, како да се искористи добиеното знаење кое наставникот-приправник го стекнал за време на своите додиплоски студии (факултетско образование). Менторот не е инструктор кој стриктно му предлага активности и методи кои наставникот-приправник треба да ги применува, напротив, менторот на наставникот-приправник му предлага активности и методи за реализација на наставните содржини преку кои треба да се реализираат предвидените цели, односно тие заедно дискутираат и ги разгледуваат, а потоа и практикуваат оние методи и активности кои се најсоодветни и најприменливи за реализација на планираните цели. Менторот не е менаџер кој го контролира исходот од работењето на наставникот-приправник. Се препорачува во менторскиот однос да не доминираат пријателскит односи помеѓу наставникот-приправник и менторот кои не се поврзани со работата, односно-воспитно образовниот процес со цел да не се занемарат главните цели на менторската програма. Секако, дозволено е да се гради меѓу нив и пријателски однос, но во целиот тој процес пријателскиот однос заснован на теми надвор од воспитно-образовната работа да не доминира.

Од досега кажаното може да произлезе констатацијата дека менторството е една оркестрирана врска, однос помеѓу двајаца наставници, едниот со значително искуство во воспитно-образовната дејност, а другиот наставник-почетник кој треба да навлезе во тајните за успешна реализација на воспитно-образовната дејност. Менторството во училишното работење со наставниците-приправници како процес се користи за да им помогне на поединците во еден транизициски период да навлезат во успешната реализација на нивните воспитно-образовни работни задачи и обврски и трае точно една година. Мнторскиот процес како однос им овозможува на двете страни (ментор и наставник-приправник) да имаат бенефит од целиот овој процес.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.