Teachers - Наставници

ПРВИЧНИОТ КОНТАКТ НА НАСТАВНИКОТ ПРИПРАВНИК СО УЧИЛИШТЕТО

Воведувањето и запознавањето на новиот наставник со училиштето како воспитно-образовна институција не е лесна и едноставна работа. Првенствено треба да му се предочи дека во тоа училиште тој ќе помине добар дел од својот живот, па затоа вреди со своето однесување и допринос максимално да се посвети и залага во неговото успешно функционирање доколку сака да создаде една средина во која пријатно ќе се чувствува и со задоволство ќе ги исполнува своите работни задачи. Прилагодувањето на наставникот во новата средина не е толку едноставна и занемарувачка работа. Првичните искуства на новиот наставник со училиштето во кое е вработен и постоечките услови за работа во голема мерка ќе го одредат неговиот однос кон училиштето во кое работи, односот кон самата професија наставник, квалитетот на извршување на наставничките работни задачи и обврски, како и неговата целокупна успешност во неговата наставничка професија.

2

Воведувањето на наставникот-приправник во извршување на неговите секојдневни воспитно-образовни задачи подразбира негова социјална, работна и психолошка адаптација во училиштето. Запознавање со она што училиштето може нему да му овозможи во секојдневното негово извршување на работните задачи и со она што од него се очекува да работи како наставник. Воведувањето на наставникот-приправник треба да се одвива според програма за менторирање на наставник-приправник во чија реализација треба да бидат вклучени повеќе фактори од кој најважен и водечки ќе биде менторот, кој обично е повозрасен, искусен и успешен наставник, како и останатите училишни воспитно-образовни фактори (директор, стручни работници, наставници и др.).

Активностите поврзани со професионалното насочување на наставникот-приправник се насочени кон негово запознавање со сите значајни работи и активности во училиштето кои започнуваат со отпочнувањето на неговиот прв работен ден.

Дочекот на наставникот-приправник во училиштето треба да биде љубезен и на соодветно ниво. Тој треба да биде првично примен од страна на директорот на училиштето. Сите нови наставници првиот ден, кога доаѓаат во училиштето не се чувствуваат пријатно, ги мачат многу прашања: Како ќе изгледа мојата работа во училиштето? Како ќе ме прифати директорот на училиштето? Како ќе ме прифатат колегите наставници? Како ќе успеам да воспоставам добри контакти и соработка  со нив? Дали соодветно ќе можам да одговарам на задачите кои ги бара работното место наставник? Од тие причини останатите наставници и другиот училишен персонал треба да бидат максимално коректни, љубезни и пријателски настроени при првата средба со наставникот-приправник.

Edmond Attendance

На првата средба со директорот на училиштето наставникот-приправник треба да добие од него или друго соодветно лице првични информации за работењето на училиштето во кое тој ќе почне да ги извршува своите работни задачи (мисија и визија на училиштето, работното време и смени во училиштето, бројот на вработени, наставен јазик/јазици на кои се реализира воспитно-образовната дејност, подрачни училишта, доколу има, и др.) и да одговори на сите прашања кои ќе ги постави наставникот-приправник. Наставникот-приправник треба да се запознае и со кодексот, етичко однесување пропишано за тоа училиште. На оваа средба наставникот-приправник се запознава и кои документи треба да ги достави за да започне и официјално да се води како член на воспитно-образовната институција во која е примен да ги извршува своите работни задачи и обврски.

Директорот, наставникот-приправник треба да го запознае со вработените во училиштето. Од голема важност е како тие ќе се постават и однесуваат кон него, затоа што таа средба и однос ќе останат долго, ако не и засекогаш во неговото сеќавање. Добро е наставникот приправник да биде запознат и со просторијата, односно со училишните простории во кои тој ќе ги извршува секојдневните воспитно-образовни обврски со цел да стекне добра ориентација во училишниот простор (училници, кабинети, канцеларии, спортска сала идр.).

Директорот на училиштето задолжително уште првиот ден наставникот-приправник треба да го запознае со менторот, лицето кое професионално ќе се грижи наставникот-приправник соодветно да се снајде и вклопи во активностите поврзани со работењето во училиштето.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.