Teachers - Наставници

НАВРЕМЕНА ПОМОШ НА МЕНТОРОТ КОН НАСТАВНИКОТ ПРИПРАВНИК

За да не биде поразителен и разочарувачки почетокот на наставникот приправник во неговото професионално работење, треба да му биде овозможена соодветна и навремена помош од страна на ментор која ќе се состои во:

  • Детектирање на првичните потреби на наставникот приправник поврзани со првите наставни часови преку правовремено одржување на состаноци и однесувањето кон учениците и родителите.
  • Менторот на наставникот приправник да му даде до знаење дека тој тука е за него и слободно може да го контактира и праша за сè што го интересира и е поврзано со наставничката професија. Често се случува наставникот приправник на почеток и да не знае што да праша, затоа менторот треба да го насочи и да му помогне во тоа.
  • Менторот на наставникот приправник треба да му помогне во запознавањето и неговото прифаќање од страна на останатите наставници од училиштниот колектив. Училиштето и наставниците и целата таа средина за наставникот приправник се нешто сосема ново, затоа менторот е тука да му помогне тој што подобро да се прилагоди на новата средина во која професионално ќе делува.
  • Менторот треба да создаде ситуација во училиштето каде наставникот приправник ќе биде прифатен и третиран како дел од колективот и рамноправен колега.
  • Наставникот приправник може да дојде со свежи идеи и знаења поврзани со воспитно-образовната дејност. Менторот треба да му помогне тие идеи и знаења да ги стави во функција, односно нивно успешно реализирање, секако, доколку истите се добри и применливи, а не да ги занемари и да ги потисне без да му даде шанса да се воочи како тие би функционирале и би можело да бидат применети во пракса.
  • Менторот треба да овозможи наставникот приправник во колективот да биде третиран како професионалец. Тој како и останатите наставници има завршено додипломски студии, а можеби и некое друго повисоко образование и специјализација, па затоа трба да се третира како професионалец и да му се даде шанса тој и вистински да прерасне во еден успешен наставник.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.