АВТОРИТАРНО РОДИТЕЛСТВО | ЕФЕКТИ |
Авторитарните родители:
§ бараат од децата слепо следење на правилата што ги поставуваат, без образложение; § прекршувањето на правилата го казнуваат, често и физички; § наметнуваат многу барања и строга дисциплина, а даваат малку љубов и не комуницираат отворено; § покажуваат крутост и не даваат можност за избор и слобода на изразување; § ја обесхрабруваат независноста и индивидуалноста. |
Децата на овие родители:
§ се послушни и исполнителни, но несреќни; § несигурни се и имаат ниско себепочитување; § лесно се вознемируваат и често се однесуваат агресивно; § може да пројават склоност кон ризично однесување; § претежно воспоставуваат површни односи со врсниците; § потешко се адаптираат во социјалната средина.
|
ПОПУСТЛИВО РОДИТЕЛСТВО | ЕФЕКТИ |
Попустливите родители:
§ не поставуваат јасни правила на однесување; § малку се ангажираат во воспитување и во подучување на своите деца; § не ги поттикнуваат и не ги насочуваат децата кон зрело и одговорно однесување; § не комуницираат оптимално со децата; § одбегнуваат да преземат одговорност во обликувањето на однесувањето на децата; § се обидуваат да ги исполнуваат сите желби на децата и им дозволуваат да прават што сакаат, кога сакаат и како сакаат; § градат повеќе пријателски отколку родителски односи со децата, т.е. немаат родителски авторитет. |
Децата на овие родители:
§ емоционално подоцна созреваат; § не се доволно одговорни; § имаат ниско себепочитување; § имаат низок праг на толеранција на фрустрација и низок степен на контрола на импулсите и потребите; § може да пројават склоност кон агресивно и/или ризично однесување; § настојчиви се во барањето начини за привлекување внимание кон себе, при што може да ги прекршуваат правилата и законот; § имаат проблеми со авторитети и постигаат слаби резултати во училиште; § лесно се впуштаат во обвинување други за сопствените тешкотии и неуспеси. |
НЕЗАИНТЕРЕСИРАНО РОДИТЕЛСТВО | ЕФЕКТИ |
Незаинтересираните родители:
§ насочени се кон задоволување на сопствените потреби; § малку комуницираат со децата; § неодговорни се, ги отфрлаат или ги занемаруваат децата; § имаат многу ниски барања и очекувања од децата и ги задоволуваат само нивните основни потреби; § не споделуваат нежност; § минимално се вклучени во животот на децата (на пр. многу ретко го прашуваат своето дете како му поминал денот во училиште, кои му се пријатели, дали има некаков проблем и сл.).
|
Децата на овие родители:
§ недоволно се самостојни и имаат низок степен на самоконтрола; § несигурни се и имаат ниска самодоверба; § недоволно се вешти во социјалните односи; § огорчени се на своите родители и во многу случаи се отуѓуваат од нив во младоста; § осамени се, исплашени и анксиозни; § малку се заинтересирани за училишните обврски; § во адолесценцијата често манифестираат антисоцијално однесување (на пр. се оддаваат на проституција, консумираат алкохол, наркотични средства и сл.). |
ДЕМОКРАТСКО РОДИТЕЛСТВО | ЕФЕКТИ |
Демократските родители:
§ им поставуваат на децата јасни правила и соодветни барања; § ги разбираат, ги поддржуваат децата и не се наметнуваат; § отворени се за комуникација, поттикнуваат размена на мислења и искуства; § грижливи се и даваат многу љубов и топлина; § доследни се и постојани во постапките и однесувањето; § ги вклучуваат децата во донесувањето на дел од семејните одлуки; § поттикнуваат независност и индивидуалност, но и придржување до прифатените правила; § користат позитивно поткрепување за учење пожелно однесување. |
Децата на овие родители се:
§ одговорни; § независни; § имаат повисока самодоверба и себепочитување; § имаат добра самоконтрола; § среќни се и успешни; § подготвени за соработка и помагање; § имаат високи училишни постигања; § подобро се адаптираат во социјалната средина (на пр. имаат поквалитетни односи со врсниците и со наставниците).
|