Parents - Родители

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОУСПЕШНА КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ РОДИТЕЛОТ И ДЕТЕТО

 

 

СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

 

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

ПРИМЕРИ

 

 

 

 

 

 

Изберете соодветно време и место за разговор

Не зборувајте за чувствителни теми пред други луѓе

 

Не зборувајте на место или во време кога може да  бидете прекинати

 

Не започнувајте разговор кога детето е луто, вознемирено или уморно

 

Не чекајте бескрајно за да започнете разговор

ДОБРО:„Дали сега е добро време да поразговараме малку? Ништо лошо не се случило, само сакам да поразговараме.“

 

 

ЛОШО:„Сакам да разговараме сега пред да тргнам на работа.“

 

 

СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

 

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

ПРИМЕРИ

 

 

 

 

 

Слушајте внимателно

Не го прекинувајте детето додека зборува

 

Не вршете друга активност додека разговарате со детето

 

Не држете предавања, лекции  и монолози

ДОБРО:„Слободно кажи ми се што сакаш да ми кажеш.“

 

ЛОШО:„Тоа веќе сум го слушнал и не сакам да го слушам повторно!“

 

 

СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

 

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

ПРИМЕРИ

 

 

 

 

Разберете што сака да ви каже детето

Не претпоставувајте што сака да ви каже детето

 

Не отфрлајте го веднаш она што ви го кажува детето, сметајќи дека е   погрешно

ДОБРО:„Мислам дека она што сакаш да ми го кажеш е дека лошо се чувствуваш.“

 

ЛОШО:„ Што зборуваш глупости?! како е можно да се чувствуваш лошо?“

 

 

СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

 

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

ПРИМЕРИ

 

 

 

Внимавајте на вашата невербална комуникација

Не вртете со очите,

не воздивнувајте тешко и не одмавнувајте со главата како знак

на неприфаќање на она што го кажува детето

ДОБРО: Го гледате детето в очи кога ви зборува

 

ЛОШО: Се вртите настрана, седите далеку од детето или ги држите рацете скрстени додека разговарате

 

 

СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

 

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

ПРИМЕРИ

 

Поставувајте прашања на кои детето може да каже што мисли и што чувствува

Не поставувајте прашања на кои се одговара со „да“ или „не“, или на кои одговорот однапред се знае

 

ДОБРО:„Што ти се допадна во филмот?“

 

ЛОШО:„Дали ти се допаѓа да правиш само проблеми? Сакаш да завршиш во затвор?“

 

 

СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

 

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

ПРИМЕРИ

 

 

Покажувајте ги и споделувајте ги чувствата на соодветен и јасен начин

Не претпоставувајте дека детето знае што чувствувате

 

Не се плашете да ги споделите чувствата

ДОБРО:„Понекогаш ми е многу жал кога се расправаме. Се чувствувам како лош родител.“

 

ЛОШО:„Ти кажав дека те сакам, не терај ме да ти повторувам.“

 

 

СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

 

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

ПРИМЕРИ

 

 

 

Бидете смирен и не навредувајте го детето

Не го повишувајте гласот и не викајте

 

Не му давајте погрдни имиња на детето, не го задевајте и исмевајте.

ДОБРО: Вдишете длабоко или „избројте до 10“ за да се смирите

 

ЛОШО: Нервозно и избувливо реагирање, фрлање или удирање предмети.

 

 

СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

 

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

ПРИМЕРИ

 

 

 

 

Зборувајте за добри работи и постигања на детето

Не зборувајте само за проблеми, грешки и за неуспеси на детето

 

 

 

 

ДОБРО:„Не се секирај што доби четворка, трудот сигурно ќе ти се исплати. Верувам дека следниот пат ќе добиеш подобра оценка.“

 

ЛОШО:„Се „утепа“ од вежбање и пак не доби петка!“

 

 

 

СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

 

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

ПРИМЕРИ

 

 

 

 

Бидете конкретни и држете се до фактите и до актуелната тема

Не воопштувајте премногу и не користете зборови како „секогаш“ и „никогаш“

 

Не ги критикувајте способностите на детето  или неговата личност

 

Не се навраќајте на проблеми што се надминати

ДОБРО: „Овие задачи од математика ми изгледаат тешки. Ќе можеш ли да ги совладаш?“

 

ЛОШО:„Пак ли ми плачеш сега? Никогаш не учиш а сакаш да добиеш добра оценка.“

 

 

 

СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

 

НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА

 

ПРИМЕРИ

 

 

 

Користете директни и конкретни пораки

Не давајте нејасни пораки

 

Не поставувајте негативни прашања

ДОБРО: „Престани да ја задеваш сестра ти.“

 

ЛОШО: „Поправи се“, „Престани со тоа“, „Зошто секогаш го правиш истото?“, „Колку пати морам да те опоменам?“

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.