Students - Ученици

Што е ПИСА?

PISA (Programe for International Student Assessment) е меѓународна студија која ги мери способностите и знаењата на учениците на крајот на задолжителното образование на возраст од 15 години во три подрачја:

–      оспособеност за читање со разбирање – и критички пристап во читањето на пишани материјали;

–      математичка писменост – читање, интерпретирање и решавање на даден проблем со организирање и толкување на дадени информации и избирање на метод за решавање;

–      писменост во природните науки – препознавање на научни прашања, користење на научни знаења, идентификување на содржината во научните истражувања и поврзување на научните податоци со докази и заклучоци.

Во студијата ПИСА 2015 акцентот е ставен на писменост во природните науки. Ова значи дека за писменоста во природните науки се прават многу пошироки и подлабински анализи за разлика од другите две подрачја.

Програмата за меѓународно оценување на учениците – PISA е организаирана од страна на Организацијата за економска соработка и развој (OECD – Organization for Economic Co-operation and Development).

Преку PISA истражувањето учениците треба да одговорат на две прашања:

–     Што знам?

–     Што можам да направам со моето знаење?

pisareport

Резултатите од спроведената студија овозможуваат да се добијат валидни податоци за тоа колку добро учениците се подготвени за живот во модерни општества по завршување на училиштето, ставајќи акцент на применливоста на знаењата, вештините и компетенциите кои ги стекнале во текот на образовниот процес, а не колку добро учениците ги совладале наставните содржини што се предвидени со наставните програми и колкаво е фактогравското меморирано знаење. При мерењето со оваа студија не само што се утврдува дали учениците можат да го репродуцираат своето знаење, туку и се утврдува дали учениците можат да го екстраполираат од она што го научиле и да го применат тоа знаење во непозната средина, како и во и надвор од училиште. Овој пристап го одразува фактот дека модерните држави не ги наградуваат поединците за она што го знаат, туку за тоа што можат да направат со своето знаење. Воедно се добиваат сознанија и за социо-економските и образовните фактори кои влијаат на постигањата на учениците.

Резултатите од спроведената студија овозможуваат да се добијат валидни податоци за учениците од 15-годишна взраст за:

–     оспособеноста за читање, математичка писменост и писменост во природните науки;

–     навиките и ставовите на учениците кон учењето;

–      социо-економските фактори кои се поврзани со процесот на оспособување на учениците за читање, математичка писменост и писменост во природните науки;

–     постигањата од другите земји.

Во ПИСА 2015 домените што се оценуваат се дефинирани подетално и тоа:

–      Научната писменост е дефинирана како способност за ангажирање со прашања поврзани со науката, како и со идеите од науката кои се рефлектираат врз граѓаните. Научно писмено лице е лице подготвено да се вклучи во дискусија за наука и технологија, како и да може научно да ги објаснува феномените, да ги проценува и дизајнира научните истражувања и да може научно да интерпретира податоци и докази.

–      Читачката писменост е дефинирана како способност на учениците да разберат, да користат, да размислуваат и да се вклучат со пишани текстови за да можат да ги постигнат своите цели, за развивање на нечие знаење и потенцијал и учество во општеството.

–      Математичката писменост е дефинирана како способност на учениците да формулираат, употребуваат и интерпретираат математика во различни контексти. Тоа вклучува математички размислување и користење на математички концепти, процедури, факти и алатки со кои се опишани, објаснети и предвидени феномени. Таа им помага на поединците во препознавањето на улогата што ја има математиката во светот и да се направат основани пресуди и одлуки потребни за конструктивни, ангажирани и рефлексивни граѓани.

programe-international-student-assessment-pisa-4-638

Преку  PISA  истражувањето  треба  да  добиеме  одговор  колку  учениците  на  петнаесетгодишна возраст знаат и се оспособени да го применуваат сопственото знаење.

Резултатите од ПИСА им овозможуваат на креаторите на политиката ширум светот да:

–      го измерат знаење и вештини на учениците во нивната земја во споредба со оние во други земји;

–     постават цели кои се мерливи и постигнати од други образовни системи;

–      учат од политиките и практиките применети на друго место.

Иако ПИСА не може да ги идентификува причинско-последичните односи помеѓу политиките/практиките и резултатите на учениците, таа им покажува на едукаторите, креаторите на политики и заинтересираната јавност како образовните системи се слични и различни – и што тоа значи за учениците.

ПИСА е различна од другите меѓународни мерења во:

–      ориентација на политиката, која ги поврзува податоците од резултатите од учењето на учениците со податоци за потеклото и ставовите на учениците кон учењето, и на клучните фактори кои го обликуваат своето учење, во и надвор од училиштето, со цел да се истакнат разликите во изведба и да ги идентификуваат карактеристиките на учениците, училиштата и образовните системи кои добро функционираат;

–      иновативен концепт на ,,писменост”, кој се однесува на способноста на учениците да ги применуваат знаењата и вештините во клучните подрачја и да анализираат, да размислуваат и да комуницираат ефективно како што ги идентификуваат, интерпретираат и решаваат проблемите во различни ситуации;

–      релевантност за доживотното учење, бидејќи во Прашалникот за ученик, учениците одговараат на прашања поврзани со нивната мотивација да учат, нивните верувања за себе, и нивните стратегии за учење;

–      регуларност, која им овозможува на земјите да го следат нивниот напредок во исполнувањето на клучните цели за учење;

–     ширина на покриеност, односно спроведувањето во голем број земји.

Република Македонија досега, преку Министерството за образование и наука беше вклучена во: ПИСА 2000 и ПИСА 2015, и сега во во ПИСА 2018. Реализатор на активностите е Државниот испитен центар. Со ПИСА 2015 студијата беа опфатени околу 540 000 ученици од 72 држави и економии од цел свет. Во 57 од нив, тестирањето е изведено со помош на компјутер, додека во останатите 15 (меѓу кои и Република Македонија), со тестови на база пенкалохартија. Во сите држави и економии, се користи ист модел на оценување, и се поставуваат исти прашања и задачи, кои се развивани врз основа на оценките од претходните ПИСА тестирања.

Во подготовка на овој извештај се користеа податоци од интернационалниот извештај ПИСА 2015.

Извор: Извештај за постигнувањата на учениците во Република Македонија – ПИСА 2015

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.