Students - Ученици

Инструменти за прибирање на податоци (ПИСА тестирање 2015)

Знаењата на учениците по математика, по читање со разбирање и по природната група на предмети се вреднуваа со помош на тестови, а податоците за факторите кои влијаат на пости- гањата на учениците се добија од прашалниците.

Тестовите и останатите инструменти со кои се прибраа податоците во оваа студија беа преведени на македонски, на албански и на турски јазик.

pisa-2015

Тестови

Во оваа студија се користеа 30 различни тестови кои се решаваа во две сесии од по еден час со пауза помеѓу сесиите, што значи вкупното време за решавање на тестот беше два часа. Секој тест беше комбинација од неколку подрачја и тоа:

–      12 тестови беа комбинација од подрачјата: писменост во природни науки и математичка писменост;

–      12 тестови беа комбинација од подрачјата: писменост во природни науки и читање со разбирање;

–      6 тестови беа комбинација од подрачјата: писменост во природни науки, читање со разбирање и математичка писменост.

Секој ученик опфатен со примерокот решаваше по еден тест кој беше околу 60 страници.

Прашањата и задачите во тестовите беа со повеќечлен избор (со избор на еден од пону- дените одговори), кратки одговори и од отворен тип во кои се бараше образложение, објасну- вање или целосна постапка на решавање. Вкупно во сите тестови беа опфатени 126 различни задачи и прашања, од кои 33 од природни науки, 55 од читање и 38 од математика.

Сите прашања и задачи беа дефинирани низ процес на интернационален консензус и одобрени од државите учеснички во студијата.

Во тестирањето ПИСА 2015 година се користеа во најголем дел исти задачи кои се употре- бени во претходните циклуси на тестирања во кои јазичната писменост беше главно подрачје за проверка. (2000 г.; 2009 г.). Измените кои се направени во задачите се повеќе од технички аспект што значеше нивно прилагодување за електронска реализација на тестирањето (во 2015 г. во најголем број од земјите учеснички за прв пат тестирањето го реализираа по електронски пат). За земјите учеснички и економии кои тестирањето во овој циклус го реализираа на компјутер за учениците бараше и дополонителна, во случајот компјутерска писменост. Во Република Македонија тестирањето беше организирано на хартија.

Прашалници

Анкетирањето во училиштата во нашата држава се изврши со помош на:

–     Прашалник за ученици;

–     Прашалник за училиштето.

Исто така беше пополнет и Прашалник за образовниот систем во Република Македонија.

Секој ученик опфатен со примерокот пополнуваше и Прашалник за ученикот кој се спро- веде по двете сесии од тестирањето во предвидено време од 35 минути. Од овој прашалник содржеше лични податоци за учениците, податоци за: квалификациите и работното место на нивните родители, социо-економските услови поврзани со учењето, индивидуалните искуства во учењето, домашните работи, нивните идни планови за образование и живот и сл.

Прашалникот за училиштето го пополнуваа директорите, односно стручната служба од училиштата опфатени во примерокот. Со него беа прибрани податоци за училишниот систем и средината за учење, односно за наставната практика и организација на училиштето, етичките вредности во училиштето, за големината и местоположбата на училиштето и сл.

58471001ba6eb6d3008b7bf9-1200

Одговорите од прашалниците беа анализирани со резултатите од тестирањето за да се обезбеди поширока и посуптилна слика за учениците, училиштето и перформансите на систе- мот.

Прашалниците содржеа информации за:

–      учениците и нивното семејно потекло, вклучувајќи ги нивните економски, социјални и културни карактеристики;

–      аспектите на живот на учениците, како што се нивните ставови кон учењето, нивните навики и животот во и надвор од училиштето, и нивното семејно опкружување;

–      аспектите на училиштата, како што се квалитетот на човечките и материјалните ресурси на училиштето, менеџментот и финансирањето, процесите на донесување одлуки, кадровската политика и наставните и воннаставните ективности;

–     контекстот на наставата, вклучувајќи ги институционалните структури и типови,

големината на паралелките, училницата и училишната клима, научните активности и сл;

–     аспекти на учење, вклучувајќи ги интересите на учениците, мотивацијата и ангажирањето.

Со посебен прашалник, на кој одговараше Министерството за образование и наука заедно со претставници од соодветните институции, се добија податоци за образовниот систем во Република Македонија.

За дополнителни информации некои држави спроведоа и: Прашалник за наставник,  Пра- шалник за родител, Прашалник за компјутерски вештини и Прашалник за плановите за карие- ра на учениците. За овие прашалници се плаќаше дополнителна котизација, па нашава држава се одлучи да не ги спроведе.

Извор: Извештај за постигањата во Република Македонија ПИСА 2015

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.