Students - Ученици

ПИСА-2018-МАКЕДОНИЈА

ПИСА (Програма за меѓународно оценување на учениците) претставува најголемо меѓународно истражување во образованието. Истражувањето ПИСА го спроведуваат земјите членки на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој). Во ова истражување се вклучени ученици на 15 годишна возраст, што кај нас би значело ученици од средните училишта кои посетуваат прва година. Со истражувањето се опфатени сите средни училишта, а бројот на средношколци кој треба да биде опфатен е примерок од 5250 до 6000 ученици. Преку ПИСА истражувањето од учениците кои учествуваат во него, треба да се добие одговор на две прашања: „Што знам?“ и „Што можам да направам со моето знаење?“. Целта на истражувањето е да ја оцени подготвеноста на учениците за животот, што значи колку добро учениците се подготвени за животот во модерните општества по завршувањето на училиштето. Овој пристап го одразува фактот дека модерните држави не ги наградуваат поединците, за она што го знаат, туку за она што може да го направат со своето знаење. Преку ПИСА истражувањето се мери научната писменост, математичката писменост  и писменоста за читање на учениците, како и решавање на проблеми.

JAS

Kaj nas

Kaj nas-1

Olivera

Во ПИСА истражувањето Македонија има учествувано двапати, прв пат во 2000 година, а втроиот пат во 2015 година. Истражувањето покажало дека македонските средношколци во сите три подрачја статистички значајно заостануваат од просекот на земјите на ОЕЦД, но тоа не значи дека учениците немаат знаење туку дека не се оспособени стекнатите знаења да ги применат во пракса. Македонија во однос на рангирањето на постигнатиот успех на учениците се наоѓа на долниот дел од ранг листата (само неколку земји се под Македонија).

Lidija

Lidija-2

За да се подобри ваквата состојба во однос на следното ПИСА тестирање кое ќе се реализира во 2018 година во месец априли или мај, а во кое ќе учествува и Македонија, Државниот испитен центар како организатор и носител на ПИСА истражувањето во Македонија организира обуки кои се реализираат во периодот од 14 до 23 ноември 2017 година. Обуките се реализираат во градовите Прилеп, (а се опфатени и средните училишта од Македонски Брод и Крушево), Охрид (а се опфатени и средните училишта од Струга, Дебар, Кичево и Житоше). Кавадарци, (а се опфатени и средните училишта од Велес, Гевгелија, Валандово, Богданци и Неготино), Тетово, Гостивар (а се опфатени и средните училишта од Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Неготино-Полошко), Штип (а се опфатени и средните училишта од Виница, Кочани, Пробиштип и Свети Николе), Битола (а се опфатени и средните училишта од Ресен и Демир Хисар) Куманово (а се опфатени и средните училишта од Кратово, Крива Паланка и Липково), Струмица (а се опфатени и средните училишта од Берово, Радовиш, Делчево и Македонска Каменица) и Во Скопје каде ќе се организираат три обуки заради големиот број средни училишта, а ќе бидат опфатени сите средни училишта кои се наоѓаат во скопските општини.

Fizicarka

Kaj-Fizika

Во обуките се вклучени советници од Бирото за развој на образованието и советници од Државниот испитен центар одговорни за предметите македонски јазик и литература, албански јазик и литература, математика, биологија, хемија и физика. Обуките се наменети за наставниците од сите средни училишта кои настава реализираат во прва година по предметите македонски јазик и литература, албански јазик и литература, математика, биологија, хемија и физика. Преку обуките целта е наставниците кои предаваат на учениците во прва година, по наставните предмети кои претходно беа спомнати,  да го приспособат начинот на реализирање на наставните содржини согласно барањата кои се содржани во тестовите на програмата ПИСА.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.