Parents - Родители

Карактеристики на љубопитните деца

Љубопитноста е карактерна особина која се бележи кај сите луѓе, но истата не е подеднакво развиена кај сите. Што се однесува до љубопитните деца тие се многу дружељубиви, сакаат да пробаат сè и пројавуваат интерес за сè. Сакаат да слушнат за сè и да пробаат сè што ги опкружува. Сликата за себе ја развиваат преку размислување за светот кој ги опкружува и преку односите кои ги реализираат со лицата со кои комуницираат.

Овие деца за разлика од останатите имаат поголема потреба за внимание и промени, ова произлегува од таму што често започнатите работи ги оставаат на почеток или средина, односно недовршени затоа што нивното внимание е привлечено од нешто друго што го заинтересирало во тој момент. Со добро насочување од страна на родителите и наставниците оваа навика лесно кај овие деца може да се коригира на тој начин што ќе им се даваат работни задачи во кои треба темелно да навлезат, целосно да ги истражат и на крај да изнесат одреден заклучок.

64348-Kids-Peeking-Through-Fence

Љубопитните деца често се весели, ведри, друштвени, расположени и лесно може да се адаптираат на одредена ситуација или лица. Тоа води кон тоа да тие лесно шират познаства и пријателства и како такви им се допаѓаат на останатите во нивното опкружување, но овие деца не се врзуваат лесно со луѓето и затоа е потешко да ги навредите или разочарате. На овие деца тешко е да им го привлечете долгорочно вниманието и да ги насочите кон одредена цел, често се површни во она што го работат и кај нив емоционалните падови и искачувања не се толку евидентни. Со овие деца тешко е да се разговара за нивните постапки (било да се негативни или позитивни), секогаш е потребно да им се повторуваат барањата и прашањата. Овие деца од своите родители и наставници имаат секојдневна потреба, за која не се свесни, во однос на тоа да бидат покрај нив и да ги насочуваат во она што го работат затоа што лесно може да го остават она на што во моментот работат и вниманието да го насочат кон нешто друго.

Овие деца кога работат на задача која бара истражување може да постигнат одлични резултати доколку добро бидат насочувани во однос на она што го работат. Со тргнувањето во училиште на овие деца потребна им е силна поддршка како од семејството така и од наставниците за да бидат концентрирани на активностите кои се бараат од нив. Затоа, семејството и наставниците треба да одвојат дополнително време и да вложат дополнителни напори за да им дадат соодветна поддршка.

shutterstock_32910574

Без соодветна поддршка љубопитните деца многу лесно може да станат неодговорни и површни во она што го работат затоа треба да им се посвети соодветно внимание затоа што со текот на нивниот раст и развој може да ги одбиваат работните задачи кои не им се интересни, а кои мора да ги завршат. Постојаната и насочена поддршка кон овие деца ќе придонесе тие да бидат одговорни, самокритични, насочени, самоуверени во она што го работат и на тој начин лесно ќе ги постигнат зададените цели.

Ј.Б

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.