Students - Ученици

Проектно учење

Проектното учење им помага на учениците при нивниот севкупен општествен и друштвен развој каде е ставен акцентот на технолошкиот развој и напредок. Проектното учење претставува метод на поучување каде учениците се ангажирани меѓусебно да соработуваат во истражувањето и решавањето на одредена задача.

Преку проектното учење учениците се ставаат во повиск степен на ангажирање и размислување каде од нив се бара одредени нешта да се анализираат, синтетизираат, сумираат, да изнесуваат сопствени заклучоци и видувања. На ваков начин учениците го креираат начинот на учење, а наставникот секако треба да биде доволно стручен и неговата улога да биде менторска и насочувачка во овој процес.

Project-Based-Learning-Photo

Улогата на ученикот во проектното учење е:

  • Нудење иницијативност во процесот на работа, давање предлози за текот на активностите, како и менување на одредени етапи во самиот процес на работење
  • Самостојно планирање, моделирање, изнесување на идеи и предлози и решавање на проблемот
  • Кооперативност во работењето на проектот
  • Вреднување и анализирање на резултатите од работењето

Улогата на наставникот во проектното учење е:

  • Поттикнување на учениците на самостојно работење креативно изразување
  • Насочување на учениците при проектното учење
  • Нудење совети на учениците
  • Мотивирање на учениците и поттикнување на учениците на реална самопроценка и анализа
  • Вреднување на сработеното

Проектната настава има две компоненти:

  1. Проектно прашање, односно проблем
  2. Активност поврзана со решавањето на проблемот/прашањето

За време на проектните активности постојат неколку фази, и тоа:

  • Планирање
  • Истаржување
  • Создавање
  • Споделување

Проектното учење е своевидна подготовка на ученикот со она што го очекува во реалниот живот каде во функција треба да ги стави сите мисловни процеси за да се изнајде соодветно решение. Проектното учење како процес го птикнува критичкото мислење кај ученикот и позитивно влијае во однос на неговиот целокупен воспитно-образовен процес.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.