Students - Ученици

Постигнувањата на учениците според Блумовата таксономија

Познатиот психолог Б.С. Блум облиците на учење ги има поделено според три категории, и тоа: когнитивно (усвојување на знаење), афективно (искажување ставови, вредности и интереси) и психомоторичко (искажување вештини). Во однос на  когнитивниот домен Блум издвоил шест различни нивоа според степенот на знаење на одредена содржина, и тоа: познавање, разбирање, примена, анализа, синтеза и евалуација.

Познвање

Усвојувањето на фактичкото знаење од страна на учениците претставува најниска образовна цел. Знаењето е дефинирано како меморирање на претходно научената содржина. Ученикот се присетува на информациите кои ги научил (препознава, набројува, опишува, се сеќава, именува, дознава).

Разбирање

Разбирањето согласно Блумовата таксономија е дефинирано како способност да се размислува за значењето на усвоените факти. Степенот на разбирање може да се определи со толкување на научените факти преку: сумирање, парафразирање, класифицирање, објаснување идеи или предвидување ефекти или последици.

Примена

Примената се однесува на способноста да се користат научени правила и информации при: спроведување, извршување, користење, законитости, методи или теории во нови конкретни ситуации.

Анализа

Анализата подразбира разложување на информациите на делови со цел да се испита разбирањето и врските на спроведување, организирање, осознавање, прашување, дознавање. Активностите се сведуваат на аналитичкото ниво на знаење што подразбира ученикот да биде способен да ја подели научената содржина во составните делови и да ја разбере организациската структура. Притоа, тој мора да знае како да ги дефинира компонентите и односите меѓу нив, како и организациските принципи. Анализата како дел од Блумовата таксономија е повисоко ниво од нивото на разбирање и степенот на примена, бидејќи за тоа ниво на знаење неопходно е да се има заедничко разбирање за содржината и организационата структура на материјалот.

Синтеза

Синтзата подразбира создавање нови идеи или нов креативен начин на гледање на работите што значи од одделни делови да се создаде нова целина. Образовните цели во овој случај го нагласуваат креативното однесување со акцент на формулирање на нови модели или структури преку осмислување, градење, планирање, произведување, измислување.

Евалуација
Евалуацијата се однесува на евалуација на материјали (песни, романи, говор, истражувачки извештај, проект), што подразбира бранење одлуки или одреден тек на постапка манифестирано преку проверување, претпоставување, давање критика, експериментирање, расудување. Евалуацијата мора да се базира на прецизно дефинирани критериуми. Едукативните цели на оваа област се највисоки во когнитивната хиерархија, бидејќи содржат елементи од сите претходни нивоа.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.