Teachers - Наставници

Истражување во наставата

 

Преку истражувања во наставата било за воспиниот или образовниот дел, наставниците стручно и образовно напредуваат во својата работа, а на тој начин се ценети како стручњаци во своето училиште и воопшто во интелектуалната заедница.

Активностите поврзани со образованието главно се однесуваат на:

·         вршење истражувачки активности како дел од редовната настава,

·         учество во практично истражување на образованието и учество во обуки на наставници и други стручни лица од училиштата,

·      мониторинг и критичко прифаќање/неприфаќање на резултатите од научните истражувања.

Фази при спроведување на истражувањето

1.    Избор на тема

Изборот на темата наставникот ја прави согласно неговата практична работа, а секако и согласно неговиот интерес во однос на тоа што сака да истражува. Во изборот на тема големо влијание имаат можностите и условите за реализација на истражувањето.

iStock_000013479197Small

2.    Изготвување план за проектот

При осмислувањето на планот се тргнува од темата на која ќе се пишува, потоа следи дефинирање на методите кои ќе се применуваат при истражувањето како и целокупната методологија. Дизајнирањето на планот обично се темели на пореален поглед на средината, односно поконкретна имплементација и поддршка на исходите од истражувањето. Планот на проектот се состои од два дела, општ дел кој ги опишува и објаснува темите и посебен или спроведувачки дел кој ги вклучува деталите за истражувањето.

Структурата на проектот е следна:

–       Назив

–       Податоци за истражувачот

–       Научен проблем

–       Образложување на придобивките од истражувањето

–       Општ методолошки пристап на истражувањето

–       Целосен опис на постапките и инструментите кои се користат во истражувањето

–       Опис и анализа на добиените податоци

–       Целосен извештај

–       Календар на активности

–       Трошоци

  1. Спроведување на истражувањето, што подразбира примена на одредени методи на истражување, прибирање податоци, анализа на добиените податоци

Во воспитно-истражувачките активности се применуваат различни методи, некои од нив се:

  • Дескриптивниот метод кој претставува збир на научно-истражувачки постапки со кој се опишуваат појавите во воспитно-образованата дејност, се опишува состојбата без оглед на причините.
  • Каузалниот метод (ја покажува врската меѓу причината и последицата) претставува збир на научно-истражувачки постапки кои ги идентификуваат каузалните (причинско последичните) и консеквентните (постојаните, непоколебливи) врски меѓу појавите.
  • Експериментот е суштинска форма на каузалниот метод, нивната разликата е во тоа што експериментот ја истражува само сегашноста. Експериментот всушност претставува намерно предизвикување на појава.

Во собирањето на податоци за време на истражувањето се користат различни постапки и инструменти како што се:

  • Анализа на документи
  • Системско набљудување
  • Спроведување на интервју
  • Спроведување на анкета
  • Спроведување на тестирање
  • Вршење проценка преку однапред креирана скала за таа намена

Со цел од собраните податоци да се дознае за појавата која се испитува, неопходно е да се изврши анализа. Анализата може да биде квалитативна и квантитативна. Квалитативната анализа има специфичен тек кој вклучува: редуцирање на податоците, сортирање на податоците и заклучок. Ваквата анализа бара адекватни алатки за прибирање на податоци, како што се партиципативното набљудување, слободни интервјуа и анализата на документацијата. Квантитативната анализа главно се прави користејќи методи на статистичка анализа. Предноста на статистички изразените податоци е во тоа што прецизно ја опишува појавата. Квантитативната анализа има свој тек кој се состои од рангирање (редоследно одредување според големината), групирање (рангирање во групи според големина на добиените резултати).

ThinkstockPhotos-467864409

  1. Интерпретација на добиените резултати

Исто како и при изборот на темата за истражување, во оваа фаза на истражувањето се јавува субјективен момент. Но, иако субјективноста во толкувањето на резултатите е неизбежна, научната етика бара во извештајот јасно да се разликуваат објективните факти од кои произлегуваат резултатите од истражувањата во однос субјективните делови на толкувањето.

  1. Објавување на извештајот

Целта на научното истражување е добиените резултати да бидат јавно објавени и на тој начин да бидат достапни за оние кои пројавуваат интерес за нив бидејќи на тој начин тие добиваат смисла и преку нивна практична примена и користење во некои идни истражувања. Од тие причини неопходно е да се изготви извештај во врска со истражувањето, а потоа истиот да биде достапен за јавноста.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.