Students - Ученици

ЗАБРЗАНО АКТИВНО УЧЕЊЕ

Научно е докажано дека при вообичаеното учење (преку книга или предавање на наставникот) ученикот користи само 20% од својот интелектуален капацитет. Тоа не значи дека капацитет на ученикот се сведува само на овие можности, тие кај него се многу поголеми.

   Треба да знаеме дека интелегенцијат претставува збир од различни способности кои може да се развиваат. Забрзаното учење всушност претставува збир кој треба да помогне при усвојувањето и памтењето на нови знаења за сите оние кои учат, без разлика на возрасната група на која припаѓаат. Забрзаното учење претставува креиран систем кој помага човекот да се стекне со нови знаења и истите да ги запомни без разлика на неговата возраст. Целта на забрзаното учење е подобро да се искористи интелектуалениот човечки капацитет преку користење на центрите на двете мозочни полутопки.

Традиционалното учење се базира на употреба на левата мозочна полутопка (која ја контролира употребата на јазикот, логиката и поврзаноста), а помалку на десната мозочна полутопка  (која е задолжена за форми и модели, ритам, простор и имагинација). Преку остварување на врска помеѓу левата и десната мозочна полутопка, учењето го стимулира електрохемискиот импулс, со што 100 милијарди наши активни мозочни клетки работат поинтензивно. Добар пример за ова е учењето на песна кога истовремено ја усвојуваме мелодијата, ритамот и зборовите. Ова потврдува дека учењето не е поврзано само со едната половина од нашиот мозок, туку учењто може да се реализира преку двете мозочни полутопки.

Brain-Gears-Decision

Принципот на забрзано учење ја зголемува способноста за стекнување нови знаења преку стимулирање на мозокот да работи поинтензивно. Ова може да се постигне преку создавање на иновативни и нестандардни околини кои ќе овозможат практично учење, на пример преку примена на методот на драматизација ученикот да се здобие со познавања од областа на физиката.

Друг пример е кога за време на часовите, учениците би можеле да создадат зголемена макета на комплексна молекула или да подготват кратака драма за животниот циклус на инсекти или пак клучен историски настан. Наместо само да запишуваат што наставникот зборува во однос на одреден комплексен географски процес, учениците можеа да напишат песна за тоа. Ова го прави учењето порелаксирано, се усвојуваат повеќе информации и на крај кај учениците се зголемува желбата за усвојување на дополнителни или нови информации и знаење.

Друг важен аспект на забрзаното учење е повторувањето на новите знаења за време на процесот на учење. Одредени истражувања покажале дека човечкиот мозок заборава голем дел од информациите што ги обработува во текот на еден ден доколку информациите не се повторат.

За да му помогнеме на ученикот да го разбере она што тој ден го учел на училиште треба да го поттикнеме да разговара со нас за клучните идеи и поими кои тој ден ги има усвоено. На крајот на неделата, повторно треба да го прашаме да ги повтори главните поими и идеи кои ги има учено таа недела. На ваков начин не само што му помагаме во секојдневното усвојување на новиот материјал, туку му олеснуваме во однос на подготовувањето и повторувањето на претстојните тестови, испрашувања, односно повторување на наставниот материјал.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.