Teachers - Наставници

Добро уредена и опремена училница подразбира…

Просторот во училницата каде ученикот поминува поголем дел од денот треба да биде соодветно уреден и опремен. Ученикот во училницата треба да се чуствува пријатно и со задоволство да ги извршува своите секојдневни ученички обврски.

За таа цел мебелот кој се наоѓа во училницата треба да биде соодветен и функционален согласно возраста на учениците и секојдневните активности кои се одвиваат во неа. Училишната средина треба да биде стимулативна и учениците да ги поттикнува на нивните секојдневни ученички активности. Училницата исто така треба да биде уредена согласно пропишаните стандарди во Нормативот за простор, опрема и наставни средства. Училишните клупи и столчиња во училницата треба да се распоредени согласно целите кои се планирани да се реализираат за време на часот. Тие не мора секогаш да се наместени согласно одреден распоред и утврдена форма. Наставникот може распоредот и формата на клупите и столчињата во училницата да ги менува согласно условите, потребите и целите. Во однос на наставните средства и материјали кои се во училницата, наставникот треба да се грижи истите да им се достапни на учениците и функционално да се користат. Наставникот треба да се труди во училницата секогаш при рака да му бидат оние средствата и материјали кои се неопходни и пред сè адекватни за работа за тој ден. Во училницата треба да има соодветно место каде ќе бидат сместени: книги, енциклопедии, компјутери, списанија и друг неопходен наставен материјал. Во добро уредената и опремена училница на видно место треба да се изложени ученичките трудови (искази, решенија на проблемски ситуации, листи од набљудување, книги и сл.) кои се изработени за време на часовите и како домашни задолженија. Училницата треба да биде безбедна средина, а истото се однесува и за материјалите кои се користат во наставата, што подразбира безбедност на учениците кога работат со нив.

Наставникот и учениците за својата училница треба да водат голема грижа и соодветно да се однесуваат кон мебелот, наставните средства и целокупниот инвентар кој се наоѓа во неа бидејќи истите треба да се користат и да бидат функционални и за другите генерации ученици.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.