Students - Ученици

Посакувана комуникација за време на часовите

Посакувана комуникација за време на часот подразбира кога комуникацијата ќе биде повеќенасочна, а тоа значи комуникацијата да се одвива на релација наставник-ученик, ученик-наставник, ученик-ученик. Наставникот за време на часот при комуникација со учениците треба да внимава на неговото изразување, односно изразувањето од негова страна да биде јасно и правилно. Наставникот треба да проверува дали од страна на сите ученици прашањето кое го има поставено е правилно разбрано, а истото се однесува и во однос на упатствата кои ги дава за работа како и во однос на начинот на предавање. За време на часот наставникот покрај вербалната комуникација, со учениците треба да реализира и визуелен контакт со што учениците ќе ги поттикнува и насочува во однос на нивното точно одговарање и правилно презентирање. На тој начин учениците преку невербален начин на комуникација ќе знаат дали нивните одговори се точни, односно неточни. Невербалната комуникација покрај визуелниот контакт подразбира и успешно користење на гласот, гестовите, изразот на лицето, смислата за хумор. Од страна на наставникот покрај успешната подготовка и планирање на наставниот материјал треба да биде и успешно спроведено презентирањето на подготвените материјали, а тоа подразбира она што наставникот го презентира да биде јасно, разбирливо и лесно за помнење за учениците. Добрата, посакувана комуникација во наставата подразбира наставникот да ги охрабрува учениците слободно да ги изнесуваат своите мислења и предлози. За време на часот кога наставникот поставува одредено прашање до ученикот, тој треба да му даде доволно време да размисли во однос на на истото и при изнесувањето на одговорот од страна на ученикот треба да биде доволно трпелив и да му овозможи целосно да се искаже, а секако и преку поставување на потпрашања максимално да го извлече целото знаење од него во однос на поставеното барање. Во комуникацијата со учениците наставникот треба да се обраќа со одредена почит без да користи погрдни и непристојни зборови. Наставникот треба да води сметка не само при комуникацијата со учениците, туку и при комуникацијата на релациа ученик-ученик и да внимава тие меѓусебно внимателно да се сослушаат. Уште на почетокот на учебната година наставникот треба да воспостави одредени правила на комуникација во училницата и да внимава истите да се почитуваат.

Ј.Б.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.