Teachers - Наставници

Успешно планирање на наставата на почетокот и во текот на учебната година

На секоја активност која треба да се реализира ѝ претходи добро осмислен план. Конкретно во воспитно-образовната дејност постои: годишно, тематско и дневно планирање.  При планирањето на наставниот процес наставникот треба да тргне од наставната програма наменета за конкретниот предмет, притоа тој треба да води сметка за: условите за работа, средината каде се реализира наставата, развојните можности и карактеристики на учениците како и нивниот психофизичкиот развој и состојба. При планирањето на наставниот процес наставникот првенствено треба да ги земе предвид индивидуалните интереси и способности на учениците. Планирањата кои ги изготвува наставникот треба да бидат насочени кон постигнување на пропишаните цели содржани во наставната програма. Кога се изготвуваат планирањата треба да се почитува принципот на последователност, а тоа подразбира дневното планирање да произлегува од тематското планирање, а тематското планирање да произлегува од годишното планирање. При планирањето на наставниот процес наставникот треба да испланира различни облици на работа кои ќе бидат во функција на ефикасно стекнување на знаења и развивање способности и вештини на учениците.

Планирање-2

Во изготвувањето на планирањата наставникот треба да предвиди различни методи на работа кои ќе бидат во функција на ефикасно стекнување знаења и развивање на способности и вештини на учениците. Исто така при планирањето на наставата посебно треба да се почитуваат дидактичко-методските насоки кои се дадени во однос на соодветниот наставен предмет. Во планирањто на наставниот процес наставниците покрај сопствените стекнати искуства треба да користат и предложените примери од страна на советниците и примери кои се содржани во прирачници добиени на семинари. За да не биде наствата еднолична наставникот треба да планира различни места на изведување на наставата кои ќе бидат во функција на остварување на целите и потребите (библиотека, лабараторија, театар, музеј, производствен погон и сл). При планирањето на наставата треба да се води сметка за воспоставување корелација и интеграција како во самиот предмет помеѓу темите, односно програмските подрачја, така и со другите наставни предмети. При планирањето на наставата посебно значење треба да се придаде на сфаќањето на поимите, законитостите, процесите, а не на помнењето факти. Не помалку важно е при планирањето да се почитуваат принципите на постапност, нагледност, активност и др. Дневното планирање треба да започне со целите кои треба да бидат јасни, прецизни и мерливи. Активностите на часот треба да се по фази и со јасна структура. При изготвувањето на планирањата секогаш треба да се имаат предвид разликите меѓу учениците во напредувањето, знаењата и искуствата. Планирањето треба да го опфати и начинот на кој ќе бидат активирани учениците за да ги искажат и користат нивните предзнаења. Во дневното планирање задолжително треба да се содржани елементите кои означуваат кои наставни средства, форми, методи, стратегии и модели ќе бидат користени. Наставникот согласно карактеристиките, предиспозициите и напредувањата на учениците планира и подготвува задачи со различна тежина (се разбира, доколку за тоа има потреба).

Планирање-3

Во дневното планирање треба да постои корелација помеѓу  дневната тема, воведната активност, групните активности и индивидуалните активности. Во дневното планирање јасно треба да бидат испланирани и посебно посочени активностите на наставникот и активностите на учениците. Дневното планирање задолжително треба да го содржи следењето на постигањата на учениците и подготвените материјали  и инструменти кои ќе бидат соодветни за таа намена. Во дневното планирање треба да биде посочена и домашната задача која ќе им биде зададена на учениците и накратко да биде објаснето во која функција е зададена истата. На крајот од дневното планирање треба да има и рубрика за забелешки од часот во која накратко ќе бидат запишани впечатоците од часот во однос на применетите средтва, методи и активности и колку истите биле соодветни во однос на реализација на наставната содржина и постигнувањето на планираните цели и дали во следните планирања во однос на таа наставна содржина треба да се направат одредени измени. Рубриката забелешки од часот се пополнува по завршувањето на истиот.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.