Teachers - Наставници

Организација на наставникот во училница при раководење и реализација на наставен час

Наставникот секогаш треба часот да го започне  навреме. Пред отпочнувањето на наставниот час тој навремено треба да ги постави сите потребни средства и материјали неопходни за успешна реализација на истиот. Времето кое го има предвидено за реализација на различните активности треба да е доволно и да е во рамките на еден наставен час. Планираните активности треба да ги реализира преку предвидените фази на часот (воведен, главен, завршен дел од часот). Наставниот час треба да има јасна структура во однос на фазите предвидени за еден наставне час, но истите не смеат да бидат потенцирани и нагласени посебно не за учениците. За време на часот наставникот ги употребува сите планирани наставни средства и материјали, а доколку не успее во намерата во забелешка (во дневната подготвка) ги наведува причините. Во однос на активностите на часот тој навремено врши распределба, употребата и собирање на наставните материјали. При реализацијата на активностите предвидени за групна работа на одреден час наставникот треба да внимава при поделбата на учениците за работа во групи, конкретно се мисли да внимава во секоја група учениците соодветно да бидат поделени по полова, етничка, верска припадност, како и соодветно поделени во однос на постигнувањата и успехот кој го прикажуваат учениците (во секоја група да има ученици кои покажуваат различен степен на успех). Во однос на работата во групи наставникот треба успешно ја следи групната работа на учениците, а тоа подразбира додека учениците работат во групи тој да ја нагледува нивната работа и доколку има потреба да учествува со свои сугестии и укажувања. Општо гледано во однос на севкупната динамика на работата прикажана од страна на наставникот таа треба да биде прилагодена согласно можностите и постигнувањата на учениците. За време на еден наставен час може да дојде до разни непредвидливи ситуации, како што се: доцнење на ученици, прекинување на наставата, расипување на опремата и сл. Во однос на ваквите непредвидливи ситуации наставникот треба успешно да се справи со истите покажувајќи висок степен на присебност, одмереност и трезвеност. За време на своето предавање наставникот треба да го резимира обработениот материјал со цел да увиди колку е јасен за учениците во однос на она што го предава и да констатира колку од она што го предава учениците разбрале и усвоиле. Наставникот при реализацијата на еден наставен час треба да внимава во однос на предвидената временска рамка. Тоа подразбира како што навремено го почнува, така и навремено треба да го заврши часот во рамките на предвидените 40 (во основно образование), односно 45 минути (во средено образование), затоа што доколку тој за реализација на предвиденото за тој час користи време и од одморот меѓу часовите на учениците им го одзема слободниот одмор меѓу часовите, а може да се случи да навлезе и во рамките на часот на неговиот колега кој има час за реализација во паралелката после него. Ова конкретно се однесува за предметната настава што не значи дека не треба да се однесува и за одделенската настава каде во една паралелка поголемиот број од часовите ги реализира само еден наставник.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.