Teachers - Наставници

Поттикнување, насочување и следење на работата на учениците

Во наставниот процес при поттикнувањето, насочувањето и следењто на учениците, наставникот треба да применува различни форми, средства, методи и техники на работа (на пр. дискусии, работа во групи, во парови, истражување, играње улоги, видео, филм, интернет и сл.). Тој постојано треба да се труди во неговото работење да има разнообразност на активностите. Предвидените активности кои се спроведуваат треба да бидат добро избалансирани. За време на часот од голема важност е наставникот да успее да го ангажира поголемиот број ученици, а уште подобро би било да ги ангажира сите ученици. Задачите кои им ги задава на учениците треба да бидат прилагодени на нивните можности и нивната возраст. Тој за време на наставните активности треба да ги поттикне учениците максимално да ги користат сите сетила, средства, материјали и алатки кои им се ставени на располагање и се во функција за реализација на наставната содржина предвидена за тој наставен час. Упатствата за работа кои им ги упатува на учениците треба да бидат недвосмислени, а тоа подразбира тие да бидат јасни за да ученикот без проблем разбере што се бара од него и без пробрем да пристапи кон решавање на барањето зададено од наставникот. Во своето предавање наставникот треба да ја користи таблата за пишување која треба да биде поставена на видно место за да сите ученици имаат добра прегледност кон неа, а напишаното на неа, од страна на наставникот, треба да биде доволно јасно и читливо. Успешниот наставник за да го привлече, а потоа и да го има вниманието на учениците за време на целиот час дава примери што се интересни и поврзани со искуството на учениците од нивното секојдневие. 1

Прашањата кои ги поставува наставникот треба да бидат разнообразни, но најдобро е тој да поставува отворени прашања за да може да добие поширок и посеопфатен одговор од страна на ученикот кому му е поставено прашањето. Прашањата и задачите кои ги поставува наставникот треба да се предизвик за учениците. При решавањето на задачите и поставените барања наставникот треба да ги поддржува учениците самостојно да ги решаваат поставените барања и задачи. Во своето предавање наставникот треба да поттикнува и практикува истражувачки активности, а пред да почнат учениците со работа тој од нив треба да побара да ги искажат, односно напишат своите хипотези (претпоставки). Тука треба да се истакне дека не е доволно само наставникот да поставува и поттикнува истражувачки активности туку тој треба активно да биде вклучен цело време и да проверува дали истражувачката постапка се остварува по планираниот редослед, дали учениците ги бележат согледувањата, дали се обидуваат да изведат заклучок по спроведената постапка. За време на предавањата и воопшто за време на целиот час наставникот треба да ги поттикнува учениците да поставуваат прашања и да дискутираат. Додека учениците работат во група наставникот треба да ги охрабрува учениците заеднички да бараат нови решенија, да бидат солидарни и одговорни и заеднички да ја презентираат својата работа. Во однос на презентирањето на сработеното, наставникот треба да ги вклучи сите ученици да презентираат со цел кај нив да се градат презентерските вештини и истовремено да се сузбива стравот и тремата од јавен настап. Во својата работа наставникот пред учениците презентира и сопствени изработки. Во оваа активност тој треба да внимава материјалот кој го презентира да биде соодветен и издржан од сите аспекти. Во работењето со учениците наставникот се среќава со ученици кои имаат различни карактеристики. Тој во работата со учениците треба да биде внимателен и да посветува посебно внимание на учениците кои побавно напредуваат во целокупниот воспитно-образовен процес. Истовремено тој треба да обрнува внимание на талентираните ученици. Покрај учебникот, наставникот треба да ги мотивира, упатува и поттикнува учениците да користат дополнителни материјали за учење, како што се: енциклопедии, Интернет, книги, списанија, ТВ и сл. Многу битен сегмент од воспитно-образовната работа на наставникот е тој да поседува знаења и способности успешно да ги проценува одговорите на учениците кои може да бидат претставени на различни начини: усна комуникација, изработка на предмет, изведување на вежба, писмен состав и сл. Наставникот секојдневно треба да ја проверува способноста за примена на стекнатите знаења на учениците и тоа треба да биде во различните делови од часот. Покрај бележењето на индивидуалните постигнувања на учениците, наставникот треба да ги бележи активностите и придонесот на секој ученик во групната работа со неговите соученици.

2

За она што ќе следи на часовите наставникот треба да има изготвено соодветни инструменти пригодни за секоја намена (усна, писмена или мануелна изработка). Она што го следел, односно вреднувал наставникот треба да се базира врз основа на критериуми и стандарди посебно изготвени за секој предмет. Постигнатите резултати на учениците наставникот во континуитет ги евидентира и бележи и ги чува во ученичкото досие за да му послужат како доказ пред надлежните органи и родителите во однос на постигнатите резултати на ученикот. По завршувањето на часот секој наставник треба да направи сопствена самоевалуација и да констатира дали планираните цели за тој час се реализирани и дали исходите се соодветни во однос на планираните цели. Исто така при самоевалуацијата тој треба да евидентира во дневното планирање (делот за забелешки), дали часот се реализирал онака како што бил планиран или пак од истиот произлегло нешто ново, покорисно и попродуктивно кое може да послужи и да се применува за следните часови или пак некој дел не може да се реализира онака како што е планиран и истиот треба да претрпи одредени измени.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.