Students - Ученици

Развојни карактеристики на децата од 11 години

Децата низ својот живот секојдневно ќе се среќаваат со најразлични промени кои може да бидат од: научен, технолошки, социјален, политички и индустриски карактер. Денес на светско ниво се среќаваме со најразлични секојдневни промени, овие промени влијаат на квалитетот на живот, од тие причини истите го поттикнуваат човекот, во случајов децата, на доживотно учење, секако, доколку сакаат да се во тек со новите светски трендови и да бидат конкурентни како индивидуи во општествениот живот. Воспитно-образовната методологија треба да се води од ставовите, вештините и знаењата на децата согласно потребите кои ги диктира новиот современ живот.

Когнитивни развојни карактеристики

  • Вршат развој на дедуктивното размислување
  • Децата се стекнуваат со нови искуства
  • Кај децата се зголемува способноста да го гледаат светот кој ги опкружува од различни агли
  • Децата се фокусираат на самите себе и се развива способноста да се стават во улога на возрасни личности

Социјални развојни карактеристики

  • Децата се спротивставуваат на одредени нешта (даваат отпор)
  • Кај децата се зголемува чувствителноста
  • Имаат потреба за припадност
  • Самото дете се перцепира себеси
  • Децата не ги споделуваат чувствата со останатите
  • Сакаат да влегуваат во конфликт со останатите
  • Кај нив се појавуваат потешкотии при носењето одлуки

Јазични развојни карактеристики

  • Кај децата се јавува потребата да дебатираат
  • Ја ценат смислата за хумор
  • Децата може да бидат груби во нивното изразување
  • Го имитираат говорот на возрасните

Физички развони карактеристики

  • Децата имаат потреба од постојана активност
  • Се јавува промена на нивниот физички изглед кој е посебно забележителен кај девојчињата
  • Се јавува зголемен апетит
  • Имаат потреба од повеќе сон
  • Се развива ситната мускулатура
  • Стануваат физички поагресивни, што е поевидентно кај момчињата
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.