Децата низ својот живот секојдневно ќе се среќаваат со најразлични промени кои може да бидат од: научен, технолошки, социјален, политички и индустриски карактер. Денес на светско ниво се среќаваме со најразлични секојдневни промени кои влијаат на квалитетот на живот, од тие причини истите го поттикнуваат човекот, во случајов децата, на доживотно учење, секако, доколку сакаат да се во тек со новите светски трендови и да бидат конкурентни како индивидуи во општествениот живот. Воспитно-образовната методологија треба да се води од ставовите, вештините и знаењата на децата согласно потребите кои ги диктира новиот современ живот.
Когнитивни развојни карактеристики
- Децата се во можност правилно да заземат страна при разрешување на конфликт
- Покажуваат зголемена вештина и интерес за одредени содржини од наставниот план и програма
- Децата развиваат вештини за истражување и проучување
- Имаат зголемен интерес за активностите кои се во тек, социјалата, политиката итн.
Социјални развојни карактеристики
- Поважни им се врсниците отколку наставниците
- Децата започнуваат да се градат како возрасни личности
- Децата се поразбрани и потолерантни
- Покажуваат поголема сигурност
- Покажуваат поголем ентузијазам
- Може да одредат приоритетни краткорочни цели
- Сами си иницираат сопствени активности
- Стануваат емпатични
- Децата почнуваат да се истражуваат самите себе и да стануваат свесни за сопствената личност
Јазични развојни карактеристики
- Го користат јазикот (сленг) на своите врсници
- Во комуникацијата почесто употребуваат сарказам
- Уживаат во разговорот со повозрасните и врсниците
Физички развони карактеристики
- Начинот на исхрана почнува да им станува важен
- Се појавуваат знаци на пубертет
- Стануваат позаинтересирани за физичките активности
- Кај најголемиот број девојчиња доаѓа до психо-физички промени