Децата низ својот живот секојдневно ќе се среќаваат со најразлични промени кои може да бидат од: научен, технолошки, социјален, политички и индустриски карактер. Денес на светско ниво се среќаваме со најразлични секојдневни промени кои влијаат на квалитетот на живот, од тие причини истите го поттикнуваат човекот, во случајов децата, на доживотно учење, секако, доколку сакаат да се во тек со новите светски трендови и да бидат конкурентни како индивидуи во општествениот живот. Воспитно-образовната методологија треба да се води од ставовите, вештините и знаењата на децата согласно потребите кои ги диктира новиот современ живот.
Когнитивни развојни карактеристики
- Не сакаат да преземаат големи ризици во учењето
- Децата стануваат почувствителни и поповлечени
- Сакаат да се конфронтираат да предизвикуваат докажани авторитетни личности
- На оваа возраст почнуваат почесто да користат апстрактно размислување
Социјални развојни карактеристики
- Децата сакаат да бидат сами дома
- Момчињата формираат групи (друштва)
- За девојчињата блиското пријателство е многу значајно
- Лесно може некој да им ги повреди чувствата
- Собираат предмети во областа за која покажуваат интерес
- Преокупирани се со трендовската музика
- Најголем дел од времето го поминуваат на социјалните мрежи, компјутерски игри и сл.
- Децата на оваа возраст имаат потреба секогаш да се центар на внимание
- Девојчињата се заинтересирани за повозрасни момчиња
- Се конфронтираат со врсниците во однос на облекувањето, музиката која ја слушаат и сл.
- Пројавуваат интерес кон спортски активности
Јазични развојни карактеристики
- Децата на оваа возраст се груби при своето изразување
- Важен им е уличниот говор и говорот кој го практикуваат врсниците
- Децата во многу ситуации даваат кратки одгвори најчесто составени од еден збор
Физички развони карактеристики
- Водат поголема хигиена за себе
- Имаат поголема физичка енергија
- Кај момчињата почнува да се јавува мутација во гласот
- Кај повечето девојчиња започнат е менструалниот циклус и видно се пораснати во височина