Students - Ученици

Упатство за развивање и реализација на способноста читање со разбирање

Важен предуслов за успех во учењето за учениците е тие да минале низ процес на  соодветно учење и поучување во кое имале можност да се стекнат  со потребните вештини за критички пристап кон текстот што го читаат. Критичкиот пристап во читањето на ученикот му овозможува правилно разбирање на содржината од текстот.

Одговорноста за учењето ја има ученикот, додека поучувањето е дел од наставниот процес кој го креира и го спроведува наставникот.

Како да се реализира наставната програма со цел кај  учениците да се поттикне развој на способноста Читање со разбирање ?

Придобивки и значење

Ако кажеме дека читањето не е пасивен чин туку напротив е мисловен и истовремено креативен процес, тогаш како негови основни придобивки може да се издвојат знаењето и уживањето.

Пристапот кон читањето ги насочува читателите активно да се занимаваат со текстот, да развиваат сопствени стратегии за разбирање на истиот при што се стекнуваат со низа вештини кои им овозможуваат полесно учење.

citanje-1

Потребни знаења и умеења

Развивањето способности за разбирање на текстови во процесот на читањето е основната придобивка во процесот на учењето за учениците. Наставниците се одговорни да планираат и да користат соодветни стратегии кои ќе го поттикнуваат читањето со разбирање во процесот на поучување. Појдовна точка за да се реализира ефективна и ефикасна настава е добрата меѓусебна поставеност на учењето и поучувањето.

Критичкото размислување налага читателот во процесот на читање да е конструктивно ангажиран за да може да го чита ,,тоа што му треба“. Ученикот читател постојано се прашува што претходно знае за текстот што го чита за да создаде смисла во процесот на читање. Наставникот креира стратегии за читање за да го поттикне  ученикот да го извлече суштинското значење на текстот.

 Суштинското значење на успешно читање е способноста на читателот сам да креира нови информации за она што го чита со цел да најде одговори на когнитивните прашања. Ученикот во процесот на поучување треба да ги осознае различните видови текстови, постоењето на контекст, различните јазични стилови, различните жанрови, различните елементи во еден текст, поврзаноста на информациите во текстот …

citanje

Постојат четири чекори во процесот на читање кои се именуваат како:

  1. Прва средба со текстот.
  2. Разбирање на идејата.
  3. Афективна рекација на текстот.
  4. Критичко размислување за содржината.

Овие основни чекори во процесот на читање наставникот ги планира во процесот на поучување, а ученикот во сопствениот домен на учење.

Ученикот треба да знае што чита  и да умее да открива :

  • Вид на текст.

На видот на текстот не упатуваат  насловот, поднасловот, содржината, јазикот, темата .

  • Композиција на еден текст .

Композицијата на текстот се препознава визуелно преку видливо издвоени делови или според следственоста на содржината во текстот. Издвоените делови и пасуси зборуваат за композицијата, но и за видот на текстот. Треба да се разликува композиција во уметнички и неуметнички текстови.

  • Темата на еден текст.

Темата на еден текст може да се препознае во самиот наслов на текстот ; во клучните зборови во содржината на текстот, во поврзување на деловите, ликовите/личностите, опишаните настани, појави во текстот.

  • Контекстот на еден текст.

Контекст на еден текст претставуваат  скриените мисли кои се читаат во текстот и кој се откриваат со поттикнување на поврзувачките елементи на значењето на содржината на текстот.

  • Видот на јазикот во еден текст.

Јазикот во еден текст овозможува да се одреди видот на текстот и во процесот на читање тој овозможува да се согледа уметнички наспроти публицистички или админстративен  или новинарски текст.

  • Клучните зборови во еден текст.

Во секој текст или уште во самиот наслов или во поднасловите постојат клучни зборови кои  овозможуваат мисловна насоченост на читателот и му помагаат да го разбере текстот. На пример ако насловот на текстот е Нуклеарните централи во современиот живот тогаш читателот за разбирање на текстот го активира своето знаење за нуклерни централи во денешно време и ги извлекува(потцртува) сите зборови во текстот за кои смета дека се клучни за разбирање.

citanje-2

  • Аргументите што ги има во еден текст.

Во текстови во кои се брани или се напаѓа одреден проблем се даваат аргументи. Читателот во процесот на примање на текстот треба да умее да ги открива аргументите и истите да ги разликува од информациите. Тој треба знае дека секој аргумент  е поврзан со расудување односно размислување за одредена тема.

Пример за аргумент:

Ако сакате да најдете добра работа,треба да работите напорно.

 Вие сакате да најдете добра работа.

 Затоа мора да работите напорно.

Првите две реченици се трдења за аргументот, а последната е заклучок.

 Добрата работа е последица на напорна работа.

  • Доказите што ги има во еден текст за аргументите.

    За да се потврди или да се отфрли еден аргумент треба да се дадат докази. Читателот во текстот ги чита доказите за аргументите.

Почитувањето на чекорите во процесот на читање овозможува создавање на критички мислители односно читатели. Критичките мислители умеат да прават разлика меѓу факти и мислења, меѓу аргументи и тврдења, умеат да најдат и да направат детални забелешки и докази за темата во текстот кој го читаат.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.