Students - Ученици

Критичко мислење – ефикасно учење

Наставникот како единствен преносител на наставната програма, потребно е да внесе што е можно повеќе новитети во образованието, за да му се овозможи на детето уште од мала возраст поширок спектар на можности. Интелектуалните вештини на критичкото мислење како што се анализата, споредувањето, синтезата, вреднувањето, рефелексијата мора да се учат преку нивно директно практикување. Критичкото мислење  е активен процес и не може да се развива преку пасивно слушање на информации и меморирање на факти. Стратегиите за критичко мислење кои вклучуваат прашување, дискусии и дебати за проблемски ситуации или работа на задачи во пишана форма го поттикнуваат активното интелектуално учество на учениците.

Основната цел на поттикнувањето на критичкото мислење кај учениците во процесот на учење е да се унапредат нивните способности за мислење за да бидат подобро подготвени за решавање на проблемите со кои ќе се соочуваат понатаму во животот.

Учениците треба да ги поттикнуваме да размислуваат критички – да поставуваат прашања и да дискутираат, да ги слушаат другите и да анализираат опции базирани на факти.

„Критичкото размислување  е  начин на размислување – за која било тема, предмет, содржина или проблем – во кој оној којшто размислува го подобрува квалитетот на размислувањето со тоа што вешто ја презема контролата врз мисловните структури и им наметнува интелектуални стандарди“.

Young Student Thinking in Class

Лицето кое критички размислува: поставува суштински прашања и проблеми и јасно и прецизно ги формулира; собира и оценува релевантни податоци, користејќи се со апстрактни идеи за ефективно да ги толкува, доаѓа до добро аргументирани заклучоци и решенија и истите ги тестира со релевантни критериуми и стандарди; отворено размислува во рамките на алтернативни мисловни системи, препознава и по потреба оценува претпоставки, импликации и практични последици; остварува ефективна комуникација со другите во врска со решенијата на сложени проблеми.

Како да поставам прашања кои се корисни за подлабоко критичко размислување наспроти површното размислување? Како да поставуваме прашања кои се корисни за подлабоко критичко мислење наспроти површното размислување?

Со цел да се развијат посложени мисловни вештини кај учениците, нивната способност за предвидување, за поставување хипотези  и резонирање, наставникот треба да постави прашања корисни за продлабочено и суштинско размислување, наспроти површното размислување.

Важно е: да се осврнеме на видовите прашања кои ги употребуваме на часот; да ги моделираме прашањата и размислувањата кои сакаме учениците да ги совладаат; да планираме часови во кои употребуваме разни видови прашања.

Предвидување; Што мислите дека ќе се случи? Критички осврт на сопственото размислување; Зошто мислите така?

Подетално набљудување; Што видовте?  Согледување на потребата од докази. Дали можете да го докажете тоа?

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.