Teachers - Наставници

Корисни совети за реализација на добар наставен час

  • Наставниот час треба да биде добро осмислен (испланиран) согласно можностите и развојните карактеристики на учениците во паралелката каде тој ќе се реализира.
  • Целите за наставниот час треба да бидат реални, јасни и остварливи, согласно можностите и развојните карактеристики на учениците во паралелката.
  • Во воведниот дел од часот наставникот треба да утврди со какви предзнаења располагаат учениците во однос на она што треба да се усвои од нивна страна за конкретниот наставен час (кога станува збор за наставен час на кој ќе се усвојуваат нови знаења).
  • Сите нови термини и поими поврзани со наставната содржина, наставникот треба да им ги објасни на учениците.
  • Текот на часот треба да биде логичен и последователен. Тоа подразбира наставниот час да се базира на причинско-последична поврзаност на термините и поимите со цел усвојувањето на наставниот материјал да биде долготрајно.
  • Имајќи предвид дека часот претставува взаемна активност на наставникот и ученикот, во одредени случаи, во зависност од природата на часот и наставната материја, некогаш на часот ќе доминира наставникот, а некогаш ученикот.
  • На часовите треба да се применуваат различни форми и методи на работа кои ќе зависат од природата на наставниот материјал и видот на наставниот час.
  • Наставникот за време на наставниот час треба да користи соодветни наставни помагала и наставен материјал (аудио-визуелните средства го зголемуваат вниманието и интересот на учениците за време на наставниот час).
  • Пред да почне со своето предавање наставникот треба да го стекне вниманието на сите ученици во паралелката, преку раскажување на некоја случка, настан или шега поврзани со материјалот кој тој треба да го предава. Доколку наставникот го нема вниманието од учениците, подобро и да не почнува со предавање.
  • Предавањата на наставникот треба да бидат добро осмислени со разновидни излагања, добро испланирани паузи, потенцирање на главните поими и термини. Интонацијата на гласот треба да биде соодветна, и на моменти нагласена, посебно кога сака да потенцира значајни нешта од наставниот материјал кој го предава.
  • Стилот и јазикот на кој предава наставникот треба да бидат разбирливи за учениците.
  • За време на наставниот час невербалната комуникација на наставникот треба да биде соодветна во однос на говорот на телото, гестовите, изразот на лицето, а тоа подразбира невреблната комуникација да го поддржи вербалното излагање на наставникот.
  • Многу е важно за време на наставниот час да се запази редоследот на усвојување на наставниот материјал, а тоа подразбира насочување на предавањето од познато кон непознато, од едноставно кон сложено, од конкретно кон апстрактно, од општо кон поединечно, од посматрање кон конкретна активност, од една општа целина кон конкретни делови и на крај резимирање на реализираната содржина.

Ј.Б

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.