Teachers - Наставници

Фронтална форма на работа

Фронталната форма на работа подразбира работење на наставникот под исти услови со сите ученици во паралелката. При оваа форма на работа наставникот применува еднаков принцип на работење во однос на наставните задачи кои ги задава, а се однесуваат на ист наставен материјал и истовремено тој применува еднакви методи и стратегии на работа. Оваа форма на работење се карактеризира со обраќање кон сите ученици, објаснување и демонстрирање на наставниот материјал на учениците во паралелката. Прашањата кои наставникот им ги поставува на учениците важат за сите нив, а ученикот кој одговара своето излагање го има пред сите негови соученици. При фронталната форма на работа учениците се насочени кон активностите манифестирани од страна на наставникот. Оваа форма на работа ја карактеризира вербалната метода на работење. Праксата покажала дека фронталната форма на работа не треба да доминира за време на часот, а тоа подразбира истата да се комбинира со останатите форми на работа. Фронталната форма на работа е најсоодветна во оние случаи кога на учениците треба да им се прзентира ист наставен материјал.

Гледано од функционален аспект, во смисла на вредностите од примената на оваа форма на работа, таа може да се примени во работењето со поголем број ученици. Фронталната форма на работа овозможува да се реализираат наставни содржини во училиштата кои технички и материјално не располагаат со поголем број нагледни средства и просторни услови. Оваа форма на работа се користи при совладувањето на наставниот материјал од страна на послабите ученици кои не се во можност самите да ги постигнат очекуваните исходи. Фронталната форма на работа го стимулира натпреварувачкиот дух на учениците бидејќи ученикот има можност јавно пред своите соученици да ги искаже своите знаења и способности.

Како негативна страна на оваа техника може да се наведе тоа што таа не прави разлика во однос на работењето со ученици кои имаат различни постигнувања, а тоа значи дека таа пред сè е наменета за работа со просечни ученици. Во тој случај позапоставени се учениците кои имаат потешкотии во учењето и учениците кои имаат натпросечни постигнувања. При оваа форма на работа улогата на наставникот е доминантна, а ученикот е пасивен субјект на часот. Применувајќи ја оваа форма на работа наставникот преку својата доминантност не е во можност реално и навремено да ги согледа потребите на учениците, да добие повратна информација во однос на наставниот материјал што подразбира немање можност и време за корекција на своето предавање. Оваа форма на работа не овозможува ученикот од страна на наставникот да добие исцрпна и содржајна информација во однос на неговите постигнувања.

Ј.Б

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.