Teachers - Наставници

Индивидуална форма на работа

Индивидуалната форма на работа се карактеризира со самостојно работење на ученикот на одредена задача со соодветна помош на наставникот. Во однос на индивидуалната форма на работа се разликуваат три форми на самостојно работење.

  • Наставникот работи со ученик поединец.
  • Сите ученици самостојно работат на исти задачи.
  • Сите ученици самостојно работат на различни задачи.

Работата на наставникот со ученикот поединец се состои во тоа што наставникот непосредно на ученикот му дава задачи за работа, упатство за работа, дополнителен материјал за учење и сл., додека ученикот индивидуално работи на зададените барања од страна на наставникот. Работните задачи наменети за ученикот треба да бидат претходно изготвени од страна на наставникот. За време на индивидуалното работење на ученикот, наставникот ги следи неговите активности и доколку има потреба интервенира со одредени совети и помош. По завршената индивидуална форма на работа од страна на ученикот, наставникот го проверува исходот од работењето и го мотивира и охрабрува ученикот за неговиот вложен труд. Целта на оваа форма на работа е ученикот да се научи самостојно да им приоѓа и да ги решава зададените работни задачи. По завршената самостојна работа, наставникот пред целата паралелка му дава повратна информација на ученикот за сработеното за да може и останатите ученици да ги користат повратните информации во однос на нивното учење.

Активноста кога сите ученици самостојно работат на исти или иста работна задача подразбира кога нема диференцирање или прилагодување на работата на ученикот како поединец. Тоа подразбира немање непосредна комуникација помеѓу наставникот и ученикот. Оваа форма на работа може да се каже дека е дел од фронталната работа со учениците. Се користи за осамостојување на учениците при решавањето на зададените работни задачи. Оваа форма на работа најчесто се користи кога се сака писмено да се утврдат постигнувањата на учениците. Наставникот кога ја користи оваа форма на работа треба да ги има добро осмислено целите и исходите од задачите кои им ги задава на учениците. Задачите кои ги задава не треба да бидат ни прелесни, ни претешки, односно да бидат согласно наставната програма. Како наставен материјал за работа на учениците може да им се поделат наставни ливчиња.

Индивидуалната форма на работа кога сите ученици самостојно работат на различни задачи подразбира два начина на работа, првиот, кога секој ученик самостојно работи на различни задачи добиени од наставникот и вториот, кога наставникот групира задачи согласно постигнувањата на учениците (група задачи за послаби ученици, група задачи за ученици со среден успех и трета група задачи за одлични ученици). Првиот начин подразбира диференциран пристап на работа на задачите, а вториот начин подразбира делимичен диференциран пристап на работа. Активностите поврзани за оваа форма на работа од наставникот бараат исклучително добра подготвеност, тоа подразбира наставникот да знае што сака да постигне преку овој начин на работа, добро да го подготви наставниот материјал согласно постигнувањата на учениците, а тоа подразбира добро познавање на капацитетот на секој ученик од страна на наставникот. Пристапот кон работата на задачите од страна на учениците е индивидуален. Во однос на добиените резултати може да се дискутира на крајот на часот и тоа само за постигнувањата на неколку ученика или на резултатите да им се посвети поголемо внимание одвојувајќи го следниот час целосно за таа намена, откако наставникот ќе ги прегледа постигнатите резултати на сите ученици.

Предностите на оваа форма на работа се состојат во тоа што учениците учат самостојно да учат. Учениците имаат можност реално да ги согледаат нивните индивидуални постигнувања и од истите да извлечат поука за во иднина. Преку оваа форма на работа учениците добиваат задачи согласно нивните способности и знаења. Наставникот добива точни и навремени информации за постигнувањата на учениците што му овозможува континуирано да го следи нивниот индивидуален напредок и да презема активности согласно постигнувањата на ученикот. Преку оваа форма на работа се штеди на време затоа што наставникот некои делови на наставниот материјал може да им го даде индивидуално самостојно да го совладаат дома. Индивидуалната форма на работа помага учениците самостојно да ги обликуваат своите работни навики и постапки на учење.

Оваа форма на работа има и одредени ограничувања поврзани со наставниот процес, а истите се согледуваат во потребата од подолг временски период на наставникот за подготовка при примена на оваа форма на работа. Тоа подразбира изготвување на различни работни задачи со различни тежински нивоа за учениците, подготовка на наставните средства и материјали, како и прегледување на задачите на сите ученици.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.