Students - Ученици

Работа во парови

Работата во парови претставува форма на премин од индивидуална кон групна форма на работа. Истата може успешно да се користи во сите одделенија, наставни предмети и сите видови часови. Ефикасноста од овој вид на работа најмногу ќе зависи од возраста на учениците, спецификите на наставното подрачје, односно тема, како и од видот на наставната содржина.

Работата во парови има неколку варијанти, и тоа: инструктивно-поучувачка работа, кооперативно учење, индивидуално учење во пар и создавачко работење во пар.

Инструктивно-поучувачката работа се карактерзира со давање помош од страна на подобар ученик на послаб ученик. Ова вообичаено се случува кога подобар ученик му ја објаснува новата наставна содржина на послаб ученик. Во оваа ситуација успехот треба да биде поевидентен затоа што учениците се на иста возраст и меѓусебно подобро може да се разберат. Со овој начин на работа не треба да се претера со цел да не се создаде супериорност, односно инфериорност помеѓу учениците. Инструктивно-поучувачката работа се применува и во случај кога подобриот ученик усно го испитува послабиот ученик за да утврди кои поими и содржини послабо ги владее, а врз основа на утврденото тој презема иницијатива да го подучи соученикот во однос на она што послабо го владее. Оваа форма на работа се применува и да се прзентираат дотогаш практично стекнатите знаења. Постапката се одвива на тој начин што учениците кои го претставуваат парот меѓусебно си задаваат задачи, без разлика на наставниот предмет. Ова значи дека и на послабиот ученик треба да му се даде можност да му поставува задачи на подобриот ученик.

par-1

Кооперативно учење се заснова врз заеднички договор на парот во однос на планирањето и организирањето на учењето, изборот на содржини за учење, планирање на потребното време за учење како и изборот на потребните средства за работа. За време на ова учење застапени се вербалните активности засновани на меѓусебен разговор, слушање, размислување, набљудување. Исто така застапени се и текстуалните активности кои се засновани на учење на одредени содржини напамет, правилно читање, изразно читање, прераскажување и раскажување, дебатирање, опишување на предмети, суштества и појави. Кооперативното учење подразбира и лабараториски активности кои бараат договор на парот ученици, добра соработка и координација. Кооперативно учење од учениците бара по завршувањето на сите активности да извршат и самоевалуација што е комплексен процес бидејќи од нив се бара самите да се оценат во однос на сработеното колку што е можно пообјективно без разлика на видот и тежината на работните задачи. Преку самооценувањето тие ќе имаат показатели во колкава мерка ги имаат извршено работните задачи и колку го имаат научено наставниот материјал. Целата на кооперативно учење е учениците како партнери заеднички да учат и работат во сите фази од наставниот процес помагајќи еден на друг.

Основната цел на индивидуалното учење во пар претставува подготовка на ученикот за кооперативно учење. Индивидуалното учење на учениците во пар може да биде слободно, односно самостојно и насочено. Самостојното индивидуално учење во пар подразбира кога учениците иако се во пар работат самостојно. Овој начин на работа најдобро е да се применува со ученици од погорните одделенија на поедноставни работни задачи. Активностите може да бидат истовремени што подразбира двајцата ученици кои го сочинуваат парот решаваат исти задачи, а подоцна заедно ги анализираат добиените резултати како и начинот и постапките кои биле применети за изнаоѓање на резултатот. Активностите може да бидат и различни каде учениците кои го сочинуваат парот работат на различни работни задачи. Во овој случај работните задачи се потешки и пообемни така што учениците пред да пристапат кон решавање на работната задача во однос на истата се договараат како да ја решат разложувајќи ја на помали целини и се договараат за начинот и постапката за решавање на здачата, а потоа пристапуваат кон индивидуално решавање на истата. По завршувањето на задачата може меѓусебно, еден со друг, да направат анализа во однос на задачата и добиеното решение. Индивидуалното учење во пар ги става учениците во меѓусебна врска поттикнувајќи го нивниот мисловен процес, креативност и иновативност. Преку овој начин на учење учениците учат самостојно да учат применувајќи ги сите етапи на самостојно активно учење. Во овој случај улогата на  наставникот е да делува мотивирачки и поттикнувачки во однос на самостојното планирање на учениците, пристапот кон зададената активност, формулирање на целта, одредувањето на постапките и фазите на активности и на крај контрола на сработеното.

Создавачкото работење во пар може да се применува во наставните и воннаставните активности. При овој начин на работа интеракцијата е поголема, со што фреквенцијата на размена на информации и правци на комуникација е многу поинтензивна за разлика од класичната форма на работа. На овој начин има поголема активност во наставното работење и поттикнување на работата на учениците.

Формирањето парови не е едноставна работа, напротив, таа е комплексна работа при која треба да се имаат многу аспекти предвид. Некои од нив се: возраста на учениците и нивните индивидуални способности и карактеристики, тежината и сложеноста на работните задачи на кои ќе работи парот ученици, времето кое е на располагање за решавање на задачата, способностите кои треба да се поттикнуваат и развиваат преку оваа форма на работа, просторот каде трба да работат паровите ученици, претходно стекнатото искуство на учениците од овој начин на работење итн. Формирањето парови може да се направи според насоки дадени од наставникот, според местото на седење, по сопствен избор на ученикот, според договор на сите ученици во паралелката. Формирањето пар според насоки дадени од наставникот обично се прави кога ученик кој подобро го има совладано наставниот материјал наставникот го става во пар со ученик на кој му се потребни дополнителни објаснувања. На овој начин наставникот не трба секогаш да му дава дополнителна помош на ученикот кој има потреба за тоа, туку, неговиот соученик му помага и му објаснува кога има потреба за тоа. Ваков пар од ученици наставникот формира и кога едниот ученик различно напредува од другиот. Целта е за извесен период ученикот кој има побавно темпо на работење да го изедначи со неговиот партнер. Наставникот создава пар од ученици кога на еден од учениците му недостасува инцијатива и идеја  во однос на започнување на зададените работни задачи, а другиот ученик е иницијативен и секогаш има идеи во однос на задачите. На ваков начин ученикот кому му фали идејност и иницијативност поттикнат од својот партнер ќе го надмине проблемот во тој дел. Учениците во самата паралелка во многу случаи подобро се познаваат меѓусебно отколку што ги познава наставникот. Ова може да послужи тие самите меѓусебно да се поделат во парови за работа. Но, во овој случај наставникот треба да им даде насока поделбата да биде секој ученик во парот да е подобар во одредена област од другиот ученик кој го сочинува парот. Преку вакава поделба на учениците во парови доаѓа секој ученик до израз во парот на тој начин што може да го подучи неговиот соученик од парот во дадена област, а во друг случај оној што е подучуван да го подучува другиот ученик од парот бидејќи тој е подобар во друга област. Работата во пар може да се применува при дополнителна и додатна настава, воннаставни активности, работни посети органзирани надвор од училиштето и др.

пар-2

Предности од работа во пар

  • Учениците еден на друг се позитивен пример за посветеност и ангажираност.
  • Создаваат навики за самостојна работа во пар без помош од наставникот.
  • Надоплнување еден со друг при решавање на одредена работна задачи.
  • Самостојно одредување на потребното време за работа.
  • Поттикнување за напредок на ученикот кој заостанува со темпото на работа и усвојувањето на наставниот материјал.
  • Оспосубување за самовреднување на сопствениот труд и трудот на партнерот.
  • Рационално користење на расположливото време кое го нуди наставниот час.
  • Зајакнување на социјалните врски помеѓу учениците.
  • Јакнење на способностите за прифаќање на други ставови и размислувања.
  • Јакнење на комуникациските способности.
  • Јакнење на свеста за споделување на одговорност.
  • Стекнување нови другарства.
  • Помагање и ослободување на помалку комуникативните ученици.
  • Се јакне позитивниот натпреварувачки дух меѓу учениците.

Недостатоци од работењето во пар

  • Од наставникот се бара голема посветеност и подготовка за работа.
  • Наставникот треба да ги обучи, а учениците да се навикнат на овој начин на работа.
  • Обезбедување разнолични дидактички средства и наставен материјал.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.