Teachers - Наставници

НАСТАВНИ МЕТОДИ

За време на наставниот процес се случува како наставници да знаеме која цел сакаме да ја реализираме но да не знаеме како да стигнеме до истата. Во оваа намера треба да користиме одредена наставна метода која всушност претставува начин за постигнување на посакуваната цел. Во наставата може да се случи заради не користење соодветна наставна метода да не успееме да ја реализираме посакуваната цел. На приер, сакаме да постигнеме цел – јакнење и развивање на индивидуалните чувства и доживувања во однос на дадена поетска лирска творба, а сме ја примениле методата групен разговор и групна форма на работа во однос на зацртаната цел. На овој начин сигурно претходно споменатата цел нема да ја оствариме. Од тие причини многу е важно за постигнување на одредена цел да се избере соодветна наставна метода. Не помалку важни се и возраста на ученикот, видот на содржината преку која се сака да се реализира планираната цел, формата на работа, како и активностите пресликани преку наставните техники. Изборот на соодветна метода е многу битен. На пример, ако наставникот сака учениците сами да усвојат одредена нова наставна содржина (се препорачува таа да содржи од претходно познати поими и содржини за учениците) учениците ги дели во неколку групи, а потоа на секоја група ѝ доделува еден дел од наставната лекција за да потоа се примени методата на усно излагање каде секоја група го излага својот дел и на тој начин учениците од паралелката се запознаваат со целокупната содржина на новата лекција. Секоја наставна метода во комбинација со други наставни методи, наставни техники и форми на работа треба да најде соодветна примена во зависност од природата на часот и наставниот материјал кој се обработува. Никогаш не треба да се има еден шематски пристап во примената на наставната метода. Како наставници од нашето искуство знаеме дека наставните методи за време на часот при нивната примена често се испреплетуваат една со друга.

            За време на наставниот процес доколку успешно сме ја избрале наставната форма на работа и активностите кои ќе се применат (наставните техники) во тој случај многу лесно може да знаеме кој наставен метод на работа ќе го примениме на часот.

Постојат повеќе класификации на наставните методи, ќе споменеме некои кои почесто се применуваат во наставата:

  • Устен метод (монолошки)
  • Разговорен метод (дијалошки)
  • Пишан метод
  • Демонстративен метод
  • Илустративен метод
  • Практичен метод
  • Текст метод (читање и работа со текст)

            Општо прифатлива дефиниција која се споменува во однос на наставната метода е дека: „Наставната метода претставува научно верификуван начин преку кој учениците, под раководство на наставникот, за време на наставниот процес, стекнуваат знаења, вештини и навики, истите ги применуваат во пракса, развиваат сопствени психофизички способности и интересирања“ (Вилотијевиќ 1999).

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.