Teachers - Наставници

Монолошки метод

Монолошкиот метод подразбира усно излагање на наставникот за остварување на планираната цел. Овој метод го користи наставникот за време на неговото излагање и давање усни информации. Монолошкиот метод од страна на учениците се користи кога тие усно се произнесуваат при повторување на обработени наставни содржини, излагања во однос на прочитан текст итн. Монолошкиот метод најсоодветна примена има кога се користи при: опишување одредени состојби, изнесување фактии и одредени заклучоци, при давање предлози, опишување психички состојби итн.

            Монолошкиот метод на работа се користи кога наставникот сака да ја поттикне фантазијата и емоциите кај учениците, а за тоа мора да користи внимателно избразни зборови кои ќе го задаржат нивното внимание. Адекватно е користењето на овој метод при обработка на: бајки, анегдоти, патописи и сл. При овој начин на излагање може да се внесат елементи на глума, што подразбира дијалог сам со себе, психолошка пауза итн. Монолошкиот метод на работа се користи кога наставникот на учениците сака да им предаде наставна содржина која во себе содржи голем број апстрактни поими, каде наставникот треба да го дефинира проблемот, да ја адаптира големината на содржината за која се произнесува пред учениците, да ги аргументира тезите и успешно да ги изведе заклучоците, да даде адекватен опис на состојбите, случувањата и личностите, да даде соодветни и издржани предлози. Овој метод на работа е корисен во однос на наставните предмети: природни науки, општество, географија, мајчин јазик, странски јазик, каде се бара опис на одредени надворешни објекти, појави и случувања што не значи дека не треба да се користи и во однос на другите наставни предмети. Користењето на егзактниот (научен) пристап на опишување е типичен при работа со повозрасни ученици, а уметничкиот пристап на опишување се применува таму каде наставниот материјал треба да се реализира преку доживување. Опишувањето се занимава со констатирање на нештата без да се навлага во причинско-последичните односи. Објаснувањето е дел од монолошкиот метод и се користи кога треба да се објаснат помалку познати зборови, дефиниции и закони, одредени правила и постапки, за чие разбирање е потребно апстрактно размислување. За време на објаснувањето наставникот користи нагледни средства и други помошни средства за да нештата кои ги објаснува станат појасни. Образложувањето исто така е дел од монолошкиот метод, а наставникот го користи откога учениците визуелно се имаат запознато со она што е дел од новата наставна содржина, но треба да ги дознаат и причинско-последичните односи. Обрзаложувањето  обично служи наставникот да даде одговор на прашањето зошто.

Предностите на монолошкиот метод може да се согледаат во тоа што наставникот систематски на учениците може да им изнесе голем дел од наставната содржина користејќи ја фронталната форма на работа. Преку овој наставен метод наставникот на учениците, во голем дел од своето предавање, им изнесува содржини кои се апстрактни, а за да учениците подобро ги разберат истите треба да ја користат својата емоција и апстракција. При монолошкиот метод наставникот не користи во толкава голема мерка современи нагледни средства.

Недостатоците на монолошкиот метод може да се согледаат во тоа што наставата во голема мерка се сведува на вербализација. Кога се применува монолошкиот метод на работа наставникот доминира на часот, а учениците се пасивни слушатели. Овој метод е добар за работа со просечни ученици, преку користење на истиот не може да се добијат повратни информации колку наставникот бил разбран и дали учениците го имаат совладано наставниот материјал.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.