Teachers - Наставници

Разговорен метод (дијалошки)

Суштината на разговорниот (дијалошкиот) метод се состои во тоа да преку него се утврди колку наставниот материјал им е јасен и разбирлив на учениците користејќи  прашања и одговори (дискусија). Разговорниот метод може да се користи во сите фази од часот, а најмногу се користи на часови на кои се повторува и утврдува наставниот материјал. Кога се користи на часовите за реализација на нова наставна содржина, треба да се има предвид дека учениците мора да имаат одредени претходни знаења во однос на тој наставен материјал. Разговорниот метод најчесто се користи во комбинација со останатите методи, главната карактеристика на истиот се состои во поставување прашања, добивање одговор и невербална комуникација. Невербалната комуникација се состои во користење мимики за да наставникот го поттикне ученикот во изнесувањето на одговорот или да му даде до знаење дека уште нешто недостасува или пак да го охрабри и поттикне да продолжи на тој начин како што одговара. Квалитетот на примената на разговорниот метод се состои во квалитетно поставување прашања. Доколку прашањето е квалитено, а тоа значи јасно, прецизно, конкретно и сеопфатно и одговорот на ученикот (оној кој го има совладано наставниот материјал) ќе биде во иста насока. При користењето на разговорниот метод, во зависност од она што наставникот сака да го добие како одговор од ученикот и во кој степен да биде манифестирано знаењето на ученикот, тој треба да ги користи при поставувањто на прашањата соодветните глаголи од Блумовата таксономија. Користењето на разговорниот метод од страна на наставникот може да се согледа низ неколку облици. Првиот е кога наставникот на ученикот му поставува прашања почнувајќи од конкретно водејќи го кон поопшто. При ова ученикот треба да има претходно искуство и знаење во однос на наставниот материјал. Вториот облик е слободниот разговор кога прашањата се поставуваат и од страна на наставникот и од страна на ученикот. Истиот може да се користи во која била фаза од часот за да наставникот или пак ученикот си дообјаснат одредени нешта во однос на материјалот, да потврдат дека нештото е добро разбрано, да разјаснат одредени дилеми итн. Третиот облик се состои во водење на дискусија или повисок облик – дебата, каде наставникот и ученикот водат дискусија изнесувајќи сопствени видувања, размислувања, ставови поткрепени со одредени докази и факти, а поврзани со наставниот материјал. За третиот облик на работа наставникот и ученикот треба да имаат одлично познавање на наставниот материјал, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција.

dijalog-2

            Разговорниот метод се потпира на поставување прашања. Прашањата кои се користат при овој метод на работа треба да бидат добро осмислени и испланирани. Праксата покажува дека прашањата кои ги поставува наставникот на учениците повеќе од половина се од прво ниво (помнење) на Блумовата таксономија, а вориот дел прашања отпаѓаат на сите останати нивоа од Блумовата таксономија. Добро осмислените прашања го поттикнуваат ученикот да размислува креативно и да изнесе креативни одговори. Исто така наставникот треба да поставува и проблемски прашања кои го поттикнуваат интелектот на ученикот што значи дека е многу битно да го научиме ученикот да мисли, а не само да му се пренесат готови знаења. Кога сме кај поставувањето прашања, треба да се каже што се подразбира под добро поставено прашање. Добро поставеното прашање подразбира јасност и прцизност, да е добро одмерено согласно возраста на ученикот и неговиот развоен период, логично и јазично правилно конструирано. Не е добро да се поставуваат прашања кои се повеќезначни затоа што на тој начин може да ги збуниме учениците. Не се препорачува поставување на сугестивни прашања кои во себе однапред го содржат одговорот. При поставувањето на прашањето наставникот треба да има трпение кон секој ученик, а тоа подразбира да му даде доволно време да размисли а не веднаш да помине со поставување на истото прашање на друг ученик. Праксата покажува дека ова е честа појава од страна на наставниците. Исто ткака наставникот не треба да дозволува учениците да одговараат во хор.

dijalog-3

Предностите на разговорниот метод се состојат во тоа што преку него наставникот одлично може да го запознае когнитивното размислување на ученикот. Успешно се активираат учениците во паралелката што доведува до критичко, иницијативно, самостојно размислување на учениците. Преку овој метод на работа учениците полесно стекнуваат знаења и истите се подолготрајни.

Недостатоците на разговорниот метод може да се согледаат во тоа што учениците можат лесно да го насочат фокусот на друга страна, а не на наставната содржина,  и голем дел од она што е планирано да не се реализира на часот. Успешноста на наставниот метод зависи од успешноста и квалитетот на прашањата кои се поставуваат. Преку овој метод не може да се обработат наставни содржини поврзани со емоционалните доживувања на учениците.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.