Teachers - Наставници

Пишан метод

Се смета дека овој метод најмногу се користи од страна на наставниците кои предаваат мајчин јазик и странски јазик.  Ова не би требало да е така затоа што вештините како што се пишување и читање треба да се формираат кај ученикот за време на целокупната настава по сите предмети. Пишаниот метод во наставата се користи кога наставникот ја планира и подготвува наставната содржина за час (дневни планирања, наставни ливчиња, инструменти за следење и вреднување на учениците итн.). За време на часот овој метод наставникот го користи кога на табла го запишува насловот на она што ќе се реализира на часот, ги запишува основните поими, нејасните поими поврзани со новата наставна содржина, новите зборови, бројни податоци и сл.

Пишаниот метод во секојдневната пракса на наставниот процес се јавува во различни облици. Во текстот што следи ќе стане збор за неколку облици кои почесто се користат и како такви се дел од пишаниот метод на работа.

Препишувањето се користи во почетните одделенија кога ученикот е во процес на учење бројки и букви и нивно правилно пишување. За време на препишувањето на учениците за препишување трба да им се даваат пократки задачи. Постои една пракса кај одредени наставници препишувањето да го користат како казнен метод па на учениците како казна, најчесто во вид на домашна задача, им се дава да препишат одреден текст или низа броеви и задачи петпати, десетпати и сл. Оваа пракса се коси со многу закони, правила, прописи и норми од наставничкото работење. Доколку треба да се казни ученикот постојат други срдства и начини кои ќе влијаат на неговото поведени. Исто така препишувањето не е целисходен процес кога наставникот како домашана задача им дава на учениците да ги препишат, а потоа одговорат барањата кои се во состав на новата лекција. Се поставува прашање, која е целта, учениците од повисоките одделенија да ги препишуваат прашањата, а потоа и одговараат кога тие веќе се дадени во учебникот, да го вежбаат ракописот?! Па постојат многу покреативни и поинтересни начини за остварување на таа цел.

Elementary classroom

Дополнување и проширување на одреден текст или реченица се користи кога наставникот сака учењето од проста репродукција на знаење да го подигне на едно повисоко ниво каде ученикот активно ќе ги вклучи сопствените мисловни, иновативни и креативни процеси за да одговори на поставеното барање. Обично овој метод се користи за време на проверка на знаењата на учениците каде е даден дел од одговорот, а ученикот истиот треба да го дополни или прошири (ова е покарактеристично за помалите ученици). Најдобра примена истиот има кога наставникот од учениците бара одреден текст да го прошират или кога текстот е даден до заплетот, а од учениците се бара дадениот текст целосно да го завршат.

Диктатот е дел од пишаниот метод преку кој наставникот сака да ја провери писменоста на ученикот. За време на диктирањето наставникот треба јасно да ги изговара зборовите со одмерен ритам и правилна артикулација за да биде разбран од учениците.

Повратните писмени одговори на наставникот му овозможуваат да утврди колку учениците го научиле наставниот материјал кој тој им го има предавано. Повратните информации наставникот ги добива преку тестови, наставни ливчиња итн. Поставените прашања од страна на наставникот треба да се јасни, адекватни и логични, а истите да бидат согласно нивната возраст и развоен период и секако да се однесуваат за наставен материјал кој претходно е изучен. Доколку наставникот утврди дека одредени прашања кои се однесуваат на одреден наставен материјал не се одговорени или се погрешно одговорени од добар дел на ученици од паралелката или од соодветното одделение (доколку сите паралелки од одделението одговараат на исти прашања) во тој случај наставникот треба повторно да се наврати на наставниот материјал кој не им е доволно јасен на учениците, а како индикатор за таа состојба послужиле неодговорените или погрешно одговорените прашања.

Пишување-3

Белешките од излагањето на наставникот се од голема корист за учениците и може многу да им помогнат во нивното учење. Истите се карактеристични за повозрасните ученици, а праксата покажала дека учениците кај нас методот на фаќање писмени белешки многу малку го користат како средство во нивното учење. Велиме дека е покарактеристично за повозрасните ученици затоа што фаќањето писмени белешки од учениците бара висок степен на писменост и разликување на важното од споредното. Учениците го користат за да запишат информации кои ги изнесува наставникот, а не можат да ги добијат од друг писмен или електронски извор, а кои информации се однесуваат на изнесени главни мисли од излагањето на наставникот, изнесени битни ставови поткрепени со факти, изнесени информации во однос на одредени случувања и појави итн.

Прераскажувањето и раскажувањето во писмена форма подразбира кога ученикот писмено се произнесува во однос на нешто што има прочитано, гледано, доживеано, слушнато итн. Преаскажува нешто на кое тој не бил сведок, а раскажува нешто на кој тој сведочел со своето присуство. Тука може да го сместиме и опишувањето на апстрактни и конкретни нешта. Преку раскажувањето, прераскажувањето и опишувањето ученикот го збогатува своето јазично изразување.

Концептот претставува краток запис во кој систематски и редоследно се издвојуваат целини од главниот дел. Истиот на ученикот му служи како потсеник при излагањето во однос на целината. Изработката на концепт за учење е карактеристична за повозрасните ученици.

Есејот претставува најсложена писмена форма изготвена од страна на ученикот. Есејот се пишува за тема која ученикот одлично ја познава затоа наставникот треба добро да ги знае своите ученици и нивните интереси. Во почетната фаза наставникот ги подготвува учениците да ја истражат темата за која ќе го пишуваат есејот и во однос на истата да соберат материјал од кој ќе ги црпат потребните информации. Потоа ја објаснува структурата на есејот, односно кажува што треба да содржи воведниот дел, што главниот дел и на крај што треба да содржи заклучокот. На учениците им сугерира изнесените податоци да се засновани и поткрепени со факти. Есејот меѓу другото на ученикот му дава слобода на изразување во однос на изнесување сопствени видиувања и размислувања.

Извештајот е тесно сврзан со мисловните активности на ученикот, целта да се поттикнат мисловните и креативните активности кај ученикот при изготвувањето на извештајот. Пред да почнат учениците да пишуваат извештај, наставникот треба да им објасни како се пишува истиот. Тоа подразбира да им каже дека при неговото изготвување треба да се даде одговор на прашањата кој? кога? што? зошто? каде? Извештајот треба да биде јасен, прецизен, прегледен, концизен и поткрепен со податоци за да може лесно да биде разбран од оној кој го чита. Во него не треба да има непотребни информации и формулации.

Самостојното писмено творење е поврзано со слободен избор на ученикот на тема или пак задача на која писмено ќе твори без да му биде нешто наметнато. На овој начин може да се согледаат интересите на ученикот и она што кај него буди љубопитност.

Предностите на пишаниот метод се повеќе, во понатамошниот дел ќе наведеме само некои позначајни:

  • Помага во развивањето на писменото изразување, збогатувајќи го и развивајќи го зборовниот фонд
  • Користејќи го пишаниот метод се развива вештината за разликување на битно од небитно при писменото изразување
  • Запишување на нови поими и помалку познати зборови за понатамошна анализа

Недостатоците поврзани со пишаниот метод се:

  • Учениците треба да бидат добро оспособени за користење на овој метод (брзина на пишување, добро познавање на правописот и сл.)
  • Бара повеќе време од усната комуникација
  • Може погрешно да се запише одредена комуникација

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.