Teachers - Наставници

Демонстративен метод

Методот на демонстрација подразбира кога наставникот при предавањето користи: фотографии, макети, цртежи, предмети, модели. За тоа време учениците го следат излагањето на наставникот. Преку овој метод може наставникот на учениците да им демонстрира движења, процеси, акции итн. Целта на овој метод е учениците да научат да забележуваат. Од тие причини користењето на овој метод од страна на наставникот треба да биде внимателно испланирано и спроведено. Демонстративниот метод најмногу се користи за време на физичко воспитување, што не значи дека не се користи и за време на другите наставни предмети како што се: физика, хемија, биологија итн. При користењето на овој метод се бара во функција да бидат вклучени повеќе сетила: вид, мирис, допир, слух, вкус. Преку набљудување и користење на останатите сетила учениците доаѓаат до одредени сознанија и правила. Овој метод на работа е омилен и кај наставниците и кај учениците затоа што часот станува подинамичен, вниманието на учениците е целосно насочено кон демонстрацијата, но треба да се каже дека тука е вклучен и когнитивниот карактер затоа што учениците треба да донесат одредени заклучоци во однос на она што им било демонстрирано. За примена на демонстративниот метод се бара училиштето пред сè да има кабинети, а истите да бидат добро опремени со соодветни нагледни средства.

demonstracija

Демонстративниот метод во наставата треба да има однапред осмислена и поставена цел за да истиот биде добро организиран и воден. За време на демонстрацијата на часот се препорачува таа да биде поврзана само со една активност, односно еден предмет. Доколку се повеќе активности и предмети, целиот процес може да делува конфузно за учениците. При реализација на демонстративниот метод на наставникот може да му асистираат и неколку ученика.

Активностите на наставникот и ученикот за време на демонстративниот метод се различни.

Наставникот ја подготвува демонстрацијата и прашањата поврзани со неа, бара од учениците внимателно да го следат целиот процес, ги мотивира учениците да размислуваат и самостојно да носат заклучоци, овозможува дејствијата да не се гледаат статички туку последователно низ целиот процес.

Ученикот посветено го гледа, а може и да учествува во демонстративниот процес, ги разгледуваат и осознаваат карактеристиките на предметот и постапката на која се однесува демонстративниот метод, ги анализира сопствените впечатоци, демонстрацијата ја поврзува со теоријата и практиката, преку набљудување носи сопствени заклучоци.

Наставникот на учениците може да им демонстрира на два начина, практично во природен амбиент, или преку нагледни средства (наставен филм, модел, фотографии итн.) Преку демонстративниот метод учениците стекнуваат знаења преку учење на вештини, а преку нагледни средства стекнуваат теориски знаења кои понатаму ќе ги применат практично.

При примената на демонстративниот метод за време на часот наставникот треба да води сметка за расположливото време и да го има предвид обемот на наставната содржина. Демонстративниот метод може добро да се комбинира со разговорниот метод, методот на објаснување и читање користејќи ги формите на работа во група или работа во пар.

Предностите на демонстративниот метод може да се согледаат преку стекнување на знаења на учениците во природен амбиент каде се развиваат чувствата и сетилата на учениците, како и способностите за набљудување, запазување и носење заклучоци.

Недостатоците на демонстративниот метод се состојат во тоа што тој не е применлив во носењето на зклучоци поврзани со апстракцијата, бидејќи одредени апстрактни поими не може да се демонстрираат.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.