Teachers - Наставници

Метод на читање

Овој метод на работа треба да се применува во работата со учениците откако тие ќе се описменат со цел тие самостојно и ефикасно да го користат секој напишан текст, што подразбира правилно читање и правилно стекнување информации преку процесот на читање. На овој начин учениците треба да ги навикнуваме континуирано започнувајќи од почетните одделенија. За успешно практикување на овој метод учениците треба течно да читаат и умешно да го бележат прочитаното. Наставникот покрај тоа што ги упатува учениците на информациите од учебникот тој ги упатува и на други дополнителни извори. За таа цел доколку изворите на информации се различни, наставникот треба да ги оспособи учениците како тие да ги пронајдат и забележат битните информации поврзани со наставната содржина која се изучува. Читањето може да биде насочено согласно потребите на воспитно-образовниот процес.

Стекнување вештини за читање – се практикува од прво до петто одделение. Наставникот треба да води сметка учениците да не читаат механички туку со разбирање. Кога наставникот ќе му зададе на ученикот текст кој треба да го прочита тој од него треба да побара истиот да му го прераскаже и објасни. Доколку при читањето ученикот наиде на непознати зборови, наставникот треба истите да му ги објасни на ученикот. Кога ученикот чита уметнички текст не треба да се прекинува на сред читање за да не го прекинеме ученикот во неговите емоционални доживувања. Објаснувањето на уметничкиот текст ученикот го прави откако ќе го прочита целиот текст.

Запознавање со нов наставен материјал – ова читање на текст може да се практикува на час кога еден ученик чита на глас, а останатите читаат во себе или само слушаат. По завршување на читањето наставникот проверува што учениците разбрале од прочитаното. Ако се чита поетски текст читањето треба да биде изразно со цел да ги поттикне емоциите на слушателите, а и на самиот оној кој го чита, со цел она што се чита да биде подобро разбрано. Наставникот кога им задава одреден текст на учениците да прочитаат дома, треба да им ја ист акне целта и важните делови на текстот што треба да се прочита дома.

Усвојување нови знаења – целта е учениците ефикасно да го усвојат знаењето поврзано со наставните содржини. Тоа ќе се постигне кога на ученикот ќе му се дадат насоки прочитаното да го прераскажат користејќи сопствени зборови. Овој процес од ученикот бара мисловна преработка на прочитаното. Доколку текстот е обемен од ученикот се бара истиот да го чита по логички целини, а потоа за секоја логичка целина да се преслуша колку запомнил.

Стилско-естетска и граматичка проверка – се користи за уметнички текстови при што на учениците им се дава до знаење при читањето да посветат поголемо внимание на граматичките и стилско-естетските карактеристики на текстот, како и користењето на фигуративните средства, описите, локализацијата, карактеризацијата на ликовите и сл.

Овој метод на работа има свои предности и свои недостатоци.

Предностите на методот на читање се што тој овозможува системско стекнување на знаења. Пишаниот текст ученикот може да го чита во секое време и на секое место во повеќе наврати. Користејќи го овој метод ученикот стекнува навики за самостојно учење. Преку овој метод се развива интересот на ученикот за научниот и уметничкиот пишан  збор, ученикот се стекнува со побогат речник за изразување и стекнува вештини за пишување. Му се развиваат вештините кои и понатаму во животот ќе ги надоградува, а кои се во однос на правење сопствени белешки, илустрации, шеми, графикони итн.

Недостатоците на овој метод на работа може да се согледаат во тоа што овој метод може да се користи по описменувањето на учениците. Не е поврзан со индивидуалните потреби на ученикот. Може да влијае во усвојувањето на новите знаења, затоа што наставникот не објаснува, туку ученикот самостојно чита.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.