Teachers - Наставници

SWOT–анализа во функција на наставничкиот професионален развој

SWOT анализата е корисна алатка која во голема мерка може да се користи во процесот на идните планирања во воспитно-образовниот процес и секако при изготвувањето на план за професионален развој на наставникот. Нејзината структура овозможува да се идентификуваат: силните и слабите страни како и можностите и заканите во однос на одредена планирана активност. Нејзината цел е да изврши проценка во однос на внатрешните аспекти кои се поврзани со предностите и слабостите и надворешните аспекти кои се поврзани со можностите и заканите.

  Позитивно Негативно
Анализа на внатрешните аспекти Силни страни

(да се засилат)

Слаби страни

(да се елиминираат)

Анализа на надворешните аспекти Можности

(да се истражат)

Закани

(да се минимизираат)

SWOT анализата може да даде целосен приказ во делот на наставничкиот професионален развој на кој задолжително треба да се посвети внимание, а дава и добра основа за планирање на идните активности. Оваа анализа овозможува:

  • насочување кон неопходните чекори;
  • ефикасно и ефективно користење на расположливите ресурси;
  • развивање на соодветни и применливи стратегии.

Користењето на SWOT анализата во професионалниот развој на наставникот  подразбира методски и систематски пристап во однос анализата од стручен и временски аспект.

Преку оваа анализа може да се има сериозен и сеопфатен пристап од различен обем и длабочина на она што е предмет на наш интерес, а во конкретниов случај е поврзан со професионалниот развој на наставникот. Користењето на SWOT анализата подразбира примена на четири постапки.

Првиот чекор подразбира анализа и проценка на силните и слабите страни на училиштето во врска со стручното усовршување на наставниците.

Вториот чекор подразбира согледување и идентификување на можностите и заканите кои произлегуваат од опкружувањето во однос на стручното усовршување на наставниците.

Третиот чекор е дефинирање на годишните цели на наставникот како поединец и училиштето во однос на стручното усовршување. Наставникот ги наведува знаењата и вештините кои сака да ги стекне во текот на годината. Училиштето своите цели треба да ги усогласи со своите приоритети, силни страни и можности, но и со целите на наставникот како поединец во училиштето.

Четвртиот чекор се однесува на изготвување годишен план за стручно усовршување на наставникот/училиштето. Имено врз основа на годишниот план за стручно усовршување на наставникот се изготвува годишен план за стручно усовршување на ниво на целото училиште. Дали планот за стручно усовршување ќе биде реално остварлив ќе зависи од неговата усогласеност со реалните силни страни и потребите на наставниците и целите и можностите на училиштето. По завршувањето на анализата, сè што е наведено како силна страна, слаба страна, можност и закана, треба да се расчлени по приоритети. Ова е многу важно затоа што обидот истовремено да се работи на сите аспекти одеднаш може да резултира со неефикасност. Кога се располага со сите елементи на SWOT анализата може да се пристапи кон понатамошни преземања на чекори кон изготвување на план за стручно усовршување.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.