Teachers - Наставници

Успешна презентација

Наставникот покрај тоа што е реализатор на воспитно-образовниот процес често е и во улога на презентер. Обично наставниците во нивниот професионален развој учествуваат на разни семинари и обуки. При реализацијата на истите тие не се само во улога на слушатели туку често се и во улога на предавачи или пак како слушатели имаат обврска во однос на наученото да спроведат дисеминација на колегите во училиштата од каде доаѓаат. Во текстот што следи ќе бидат претставени совети кои се во насока на реализација на успешна презентација.

  • Доколку презентацијата е повеќечасовна, истата треба да биде поделена на делови, а секој дел не треба да трае повеќе од 20 – 30 минути. Ова се препорачува за да се задржи вниманието на слушателите. По секој дел треба активно да се вклучат и слушателите со нивни коментари, видувања и ставови кон она што е предмет на предавање. Исто така може да се спроведат и одредени активности преку работење на одредени задачи кои може да се реализираат индивидуално или групно.
  • Додека презентирате зборувајте јасно, прецизно и недвосмислено. Немојте да зборувате премногу тивко ниту премногу гласно, направете проценка на висината на тонот, согласно просторијата каде го имате излагањето.
  • Додека презентирате немојте премногу да брзате, ниту да зборувате пребавно. Трудете се да држите едно нормално природно темпо на зборување.
  • Кога сакате нешто да потенцирате во однос на материјалот кој го презентирате, бидејќи сметате дека тоа е клучно и дека треба да се нагласи, на тие клучни точки намерно направете пауза. На ваков начи го истакнувате она на кое сакате да го привлечете вниманието на слушателите.
  • Изнесувањето на шеги за време на презентацијата е меч со две острици, преку нив може да поентирате или пак шегата да биде примена со негодување, посебно ако на шегата се изложени лицата кои се слушатели на вашата презентација. Од тие причини пред да ја кажете шегата добро размислете да не биде некој намерно или ненамерно навреден од истата.
  • За да се задржи вниманието на слушателите од време на време менувајте го темпото на говорење и бојата на гласот.
  • Невербалната комуникација е добра поткрепа на вербалната комуникација. За таа цел користете ги рацете, воспоставете визуелен контакт со слушателите, итн.
  • Во невербална комуникација спаѓа и личниот простор, од тие причини додека предавате немојте преблиску да застанувате до слушателите, на тој начин со навлегување во нивниот личен простор некој слушател може да се почувствува непријатно.
  • Додека зборувате немојте да стоите пред таблата, односно проектното платно, на ваков начин го попречувате погледот на учесниците кои го следат вашето предавање.
  • Додека презентирате секој слајд треба да биде објаснет, а не преку него бегло да се помине. Подобро е некој слајд воопшто и да не биде дел од презентацијата. Исто така не дозволувајте одреден слајд предолго да стои во однос на презентацијата, а вие да зборувате нешто што нема никаква врска со истиот.
  • Додека презентирате немојте премногу да се движите низ просторијата, посебно ако темата е интересна, доколку премногу нападно го правите ова им го привлекувате вниманито на слушателите и тие нема да бидат доволно сконцентрирани на она што го зборувате.
  • Насмевката и вашето добро расположение додека презентирате се вашиот најголем сојузник.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.