Management staff - Раководен кадар

Менаџерските улоги на училишниот директор

Менаџерските улоги на училишниот директор може да се согледаат во носењето на улоги од негова страна кои се интреперсонални, информативни и одлучувачки.

            Интерперсоналните улоги на училишниот директор може да се согледаат во неговото однесување како глава на училиштето. Ова подразбира кога директорот честопати се наоѓа во улога да спроведува протоколарни задачи, да прима гости по разни основи и разни поводи; да присуствува на  прослави каде е повикан од страна на наставниците од неговото училиште или пак од другите вработени (свадби, слави, крштевки итн.); да организира прослави по повод денот на училиштето или некоја друга манифестација каде се промовира училиштето. Во улога на лидер е обврзан да ги поттикнува и мотивира наставниците во нивното работење; да ги сослуша во однос на одредени проблеми на кои наидуваат при нивните секојдневни ангажирања како наставници; да им даде поддршка на наставниците во нивните заложби во афирмирањето на училиштето во потесното и поширојото опкружување итн. Како поврзувач се јавува кога треба да поврзе одредени институции (владини и невладини) со вработените од училиштето, без разлика дали иницијативата е од наставникот или институцијата; да го прими, да го воведе во училиштето и да го запознае наставникот приправник со колегите; да ги поврзе и поттикне на соработка сите организации, активи и секции кои функционираат во училиштето.

            Информативните улоги на училишниот директор може да се согледаат кога тој е во улога на набљудувач на целокупните активности кои се реализираат во училиштето, кај него се слеваат сите информации, а тој понатака ги проследува онаму каде треба да стигнат; ги делегира задолженија до наставниците и останатите врботени во училиштето; ги следи и набљудува настаните поврзани со училишното работење. Тука треба да се спомне и улогата на портпарол каде објаснува, толкува и ги информира оние кои се интересираат за активностите на училиштето.

            Како носител на одлуки училишниот директор треба да биде претпримач што подразбира носење одлуки поврзани со нови идеи и активности за успешно функционирање на училиштето. Да посредува при нарушени меѓучовечки односи на вработените во училиштето. Како алокатор на ресурсите со кои располага училиштето (материјални и финансиски). Како преговарач директорот на училиштето преговара и се грижи за интересите на училиштето и вработените во истото.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.