Management staff - Раководен кадар

Создавање успешни и ефикасни училишни директори

Задачите на училишниот директор се разновидни и комплексни, па оттука и знаењата и вештините кои треба тој да ги познава и поседува се многубројни. Во текстот што следи ќе бидат посочени некои од нив.

Желба за нови сознанија. Доколку директорот на едно училиште смета дека со стекнување на лиценца за директор и негово назначување на таа позицијата ја завршил главната работа и ќе може да се потпре само на неговите дотогаш стекнати знаења, ќе направи голема грешка. Позицијата училишен директор, како и другите раководни позиции, бараат континуирано усовршување и следење на целокупните општествени прилики и нови сознанија во сферата на воспитно-образовниот процес. Училишниот директор мора постојано да се надоградува и стекнува нови знаења за да може да се справува полесно со новонастанатите ситуации кои може да го затекнат неподготвен.

Континуиран личен развој. Ова е многу битно не само за директорот, туку и за самиот развој на училиштето кое го раководи.Во училиштето преку примена на разни програми, стекнати сознанија од посета на семинари и обуки, потребно е да се воведат нови сознанија, техники на работа и нови достигнувања. Праксата вели дека стекнатото знаење за време на факултетското образование и стекнатото знаење поврзано со полагање на модули за стекнување на лиценца за училишен директор не е доволно. Најдобро е да се следат светските образовни трендови, и согласно можностите на училиштето и понудената помош од општините и Министерството за образование и наука истите да се адаптираат (ако не може да се имплеметираат дирекно) и спроведат во работењето на училиштето. Училишниот директор треба да направи и лична евалуација за да ги детектира неговите слаби страни во работењето, а кои треба да ги надмине преку лично образување во сферите каде ги детектирал слабостите во неговото работење.

Воведување иновации во училишното работење. Денешните општествени текови налагаат директорите на училиштата да се трудат да привлекуваат ученици (клиенти) во нивните училишта. Ова го велам затоа што евидентно е дека последниве години има појава на осипување на бројот на ученици во училиштата и секое училиште се труди секој ученик да го привлече да учи во нивното училиште. Ова посебно е евидентно кај средните училишта. За таа цел училиштата треба да нудат добри услови во однос на просторот каде се одвива наставата; да нуди високо образовани стручен наставен кадар кој е посветен на воспитно-образовниот процес; наставниците да применуваат нови современи и иновативни стратегии за подучување на учениците; училиштето да обезбеди нови и современи нагледни средства за работа; училиштето да биде безбедна средина каде ученикот ќе се чувству безбедно и пријатно.

Вреднување на трудот на вработените. Ова подразбира училишниот директор успешно да го детектира трудот и ангажираноста на вработените. Училишниот директор доколку сака успешно да функционира училиштето кое тој го раководи треба да создаде услови училиштето да биде место каде трудот на наставниците и учениците ќе биде детектиран и за вложениот труд и постигнатиот успех тие ќе бидат пофалени и наградени. Тој треба на индиректен начин преку наставниците да создаде натпреварувачки дух помеѓу учениците во однос на бележење врвни резултати и успеси. Истото треба да го промовира и меѓу наставниците, тие да се трудат и максимално да се вложат во создавање на високо квалитетни воспитно-образовните активности. За таа цел тој треба да воведе стимулативни мерки пресликани во јавни награди и пофалби. На овој начин сите чинители на воспитно –образовниот процес) ќе сакаат нивниот вложен труд да биде јавно истакнат, пофален и награден.

Креирање, собирање и дистрибуирање информации. Директорот на едно училиште, како глава на училиштето, треба да располага со сите информации поврзани со училишното работење. Тој треба да создаде успешен систем на собирање информации и правилно менаџирање со истите. Исто така и од него треба да излегуваат точни и проверени информации кои ќе треба изворно и навремено да стигнат до сите вработени во училиштето. Незамисливо е за одредени битни активности и случувања во училиштето директорот да не биде навремено, или пак воопшто да не биде запознат. Преку навремено и правилно информирање директорот ќе може да донесе вистински одлуки и во вистинско време. Протокот на информации од директорот кон вработените и од вработените кон директорот мора да биде навреме и без пречки во комуникацијата. Протокот на информациите треба да биде непречен, а информациите пренесени точно и правилно.

Новини во работењето. Училишниот директор за да си ја олесни работата треба да применува методи кои се функционални и даваат добри резултати. За таа цел тој треба да ги следи светските иновации и трендови во работењето на училишните директори. Тој треба да е добро образован во однос на информациско-комуникациската технологија; да применува функционални стратегии, шеми и модели; пожелно е добро да владее еден од светските јазици; да има солидни познавања поврзани со материјално-финансиското работење; солидно да ја познава правната регулатива која е поврзана со работењето на училиштето кое го раководи.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.