School - Училиште

Разрешување конфликтни ситуации во училиштето

Училиштето треба да претставува безбедна средина каде секој ученик ќе се чувствува сигурно и безбедно. За жал во последно време сме сведоци на многу немили случки, како во основното така и во средното образование. Во однос на овие немили случувања како жртви обично се јавуваат учениците, децата, а како сторители може да бидат: ученици, наставници, друг училишен персонал, лица од надвор итн. За успешно справување и правилно постапување во однос на овие немили случувања, училишното раководство, училишната стручна служба и наставниот кадар треба да се обучени да ги препознаат и правилно да постапат во однос на конфликтни ситуации согласно нивниот степен на критичност. Во училиштата сведоци сме на немили случувања поврзани со физичко насилство, психичко насилство, социјално насилство, сексуално насилство и информатичко насилство (најчесто реализирано преку социјалните мрежи или СМС пораки). Како што кажавме претходно сите овие насилства може да се категоризираат според нивната критичност односно степен на насилство па од тука може да издвоиме во однос на насилствата три нивоа: ниско ниво на насилство,  средно  ниво на насилство и високо ниво на насилство.

Првото ниво на насилство се решава во училиште, а во разрешувањето вклучен е само одделенскиот односно класниот раководител. Во однос на ова прво ниво на насилство во делот на физичко насилство показатели се: кубење за коса, гребање на соученикот, туркања, гризење, сопнување, валкање, шутирање, уништување на предмети. Во однос на психичкото насилство показатели се: озборување, исмејување, омаловажување, навредување со погрдни имиња, имитирање, пцуење итн. Социјалното насилство во однос на првото ниво е застапено преку: потсмевање, игнорирање, дофрлување, исклучување од друштво поради социјален статус, националност и верска припадност. Сексуалното насилство се манифестира преку: негативни коментари, пцуење, дофрлување, непристојни гестикулации. Насилството преку информатичката технологија во ова прво ниво подразбира: вознемирување преку СМС пораки, вознемирувачки пораки на социјалните мрежи итн.

Второто ниво се решава исто тка во училиште, но овој пат се вклучува Училишниот тим за заштита од насилство во кој се вклучени директорот на училиштето, стручната служба, наставници, а може да бидат вклучени и претставници од советот на родители. Во однос на ова второ ниво на насилство во делот на физичко насилство показателите се: удирање, кинење на облека, шамарење, уништување на лична сопственост. Психичкото насилство во ова ниво вклучува: закани, забрана за комуницирање, уценување, неправедно казнување отфрлање, манипулирање, исклучување. Социјалното насилство во ова ниво вклучува: игнорирање, отфрлање, сплеткарење, неприфаќање, невклучување, експлоатација, навреди на национално и верско ниво. Сексуалното насилство во ова ниво подразбира насилство претставено преку показатели како: сексуално допирање, покажување на интимни делови од телото, покажување на порнографски материјал итн. Насилството преку информатичката технологија во ова ниво вклучува: огласи, злупотреба на форуми, дистрибуција на снимки или слики, снимање на насилни сцени и др.

Последното, односно третото ниво на насилство е највисок степен на насилство за чие разрешување потребно е да се вклучат покрај училиштето и други институции како што се полиција, медицински лица, претставници од центарот за социјални работи, претставници од јавното обвинителство, претставници од Министерството за образование и наука и други институции согласно природата на проблемот. Во однос на највисокото ниво на насилство физичкото насилство се манифетира преку: физичко насилство со сериозни последици кои знаат да бидат и животозагрозувачки; напад со ладно и огнено оружја (нож, палка, боксирач, пиштол); забарана на храна; изложување на ниски температури; предизвикување изгореници. Психолошкото насилство го манифестира: рекетирање, вклучување во недозволени организации, занемарување, застрашување со уцени, ограничување на движење, наведување на користење на психоактивни супстанци. Социјалното насилство подразбира: сериозни закани по живот, дискриминација, терор на група врз поединец. Сексуалното насилство се манифестира преку показателите: подведување, заведување од страна на возрасни, изнудување и принудување на сексуални активности, обљуба со злоупотреба на положба, силување и др. Злупотребата преку информатичка технологија може да се согледа преку: снимање на вулгарни и насилни сцени кои се објавуваат преку социјалните мрежи и други интернет алатки, производство и дистрибуција на порнографски материјал, прикажување порнографски материјал и др.

Од семинар за меѓусекторски тимови за заштита да децата

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.