Students - Ученици

ДИФЕРЕНЦИРАН ПРИСТАП ВО РАБОТЕЊЕТО СО УЧЕНИЦИТЕ

Многубројни истражувања поврзани со диференцираниот пристап на работа на наставникот со учениците покажале доколку наставните содржини; формите, методите и техниките на работа; како и вреднувањето на постигнувањата на учениците се прилагодени на когнитивните и емоционалните карактеристики на учениците, се постигнуваат значително подобри резултати од страна на учениците и е евидентно нивното задоволство во однос на пристапот кон ученичките задолженија. Предностите на овој принцип на работа се состојат во тоа што наставникот може да ги воочи поединечните специфичности на работа на секој ученик и согласно нив да го прилагоди времето, местото, организацијата и пристапот на работа со секој ученик. Наставникот треба да се труди на секој ученик да му овозможи да ги стекне предвидените знаења согласно наставната програма за наставниот предмет за соодветното одделение на начин најприфатлив и најприлагоден во однос на когнитивните и емоционалните карактеристики на ученикот. Диференцираното учење не подразбира изготвување посебни наставни програми, односно наставни планирања преку кои од некои деца ќе очекуваме пониски, а од други деца повисоки постигнувања. Диференцираниот пристап на учење подразбира постигнување на исти цели предвидени во наставната програма, односно постигнување на исто ниво на знаење или вештини. Со други зборови, преку диференцираниот пристап на работа не сакаме да кажеме дека ова дете не поседува одредени претходни предзнаења или дека не може да усвои одредени предвидени знаења, па затоа ќе му дадеме полесни задачи за работа. Преку диференцираниот пристап на работа сакаме да кажеме иако ова дете нема претходни предзнаења, односно нема одредени предуслови за постигнување на одредени знаења како останатите ученици во паралелката, ќе ги разгледаме неговите специфичности и ќе најдеме соодветен пристап како тој ученик да ги стекне потребните знаења и вештини. Исто така, во работењето за некои деца ќе констатираме дека имаат големи предзнаења и развиени способности за лесно стекнување на предвидените знаења и вештини па затоа ќе имаме во однос на нив еден диференциран пристап преку кој овие деца ќе ги прошират своите знаења и вештини и надвор од она што е предвидено со наставните програми, а сѐ со цел тие да имаат интерес за стекнување и збогатување на постоечките знаења, односно да не се изгуби нивниот интерес во однос на учењето како последица на она што тие веќе го знаат или пак многу лесно го усвојуваат наставниот материјал предвиден во наставната програма. Од ова произлегува дека наставникот треба да има диференциран пристап и во однос на работата со учениците кои покажуваат потешкотии во учењето. Диференцираниот пристап на работа подразбира уважување на разликите кои се јавуваат помеѓу учениците и врз основа на нив примена на разни пристапи, методи и техники на работа, без да се допушта заради различностите на учениците да се постигнат различни степени на знаење. Затоа преку диференцираниот пристап им се овозможува на учениците да стекнат исти знаења, но преку различни пристапи на работа согласно нивните карактеристики и потреби. Диференцираниот пристап на работа од наставникот бара многу труд, толерантност, флексибилност, организациски способности, иновативност, креативност и одлично познавање на методите и техниките на работа.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.