Students - Ученици

Потреба од професионално насочување на учениците во текот на нивното основно и средно образование

     Општествените, социјалните и економските прилики како дел од севкупното човеково живеење значително влијаат во однос на изумирањето и креирањето на професиите. Образовните институции треба да се во тек со овие општествени прилики, а одговорните за образование во секоја земја треба да ги креираат образовните политики согласно новонастанатите општествени текови. Во нашата земја треба да се стави посебен акцент на правилното насочување на учениците во однос на нивните идни професии. За таа цел треба да се креира посебен пристап и методологија за основните и средните училишта во нашата земја со цел уште од најмала возраст кај децата да се детектира нивниот интерес, наклонетост и дарба за одредена област. Но, тука не смее да се застане, треба да се води персонално досие за секој ученик каде ќе се евидентира неговиот интерес и успех кој го покажува во одредено поле и согласно собраните податоци ученикот треба да биде насочен уште од мали нозе во однос на неговото идно занимање. За да добро функционира овој процес државата треба да креира соодветни програми во однос на оваа потреба каде преку програмите наставниците и стручните служби во сите училишта во нашата земја ќе бидат соодветно обучени за детектирање на интересот на учениците, а потоа и нивно насочување во конкретната област со долгорочно следење и евидентирање на нивните резултати и постигнувања во текот на нивното школување во основното и средното образование. Програмите за обука и процедури за работа креирани за наставниците во однос на рано детектирање и професионално насочување на учениците континуирано треба да се ревидираат, надоградуваат и осовременуваат. Во оваа активност неминовно е вклучување на родителите на учениците каде тие навремено ќе бидат информирани во однос на интересот и резултатите кои ги постигнува нивното дете, а кој интерес и постигнати резултати се поврзани со професионалното насочување на нивното дете. На ваков начин сите страни правовремено ќе бидат информирани со што ќе имаат соодветни информации. Преку оваа активност бенефитот ќе биде повеќекратен како за самите ученици и нивните родители, така и за образовниот систем, а секако и за потребите од кадровски решенија и работна сила за самата држава. Преку ваков осмислен и креиран процес за рано професионално насочување и соодветно креирана настава, учениците ќе се самоспознаат во однос на сопствените капацитети, спремност за постигнување одредени резултати и ќе стекнат соодветни сознанија поврзани со нивното идно занимање. Учениците ќе имаат можност да стекнат нови функционални информации кои понатаму ќе ги развиваат, а кои ќе бидат поврзани со нивното идно занимање. Самите многу лесно ќе можат да го изберат нивното понатамошно образование кое конкретно и функционално ќе им овозможи нивно соодветно надоградување и насочување конкретно во однос на нивната идна професија. Преку образованието кое ќе го изберат би имале можност теориски, а пред сѐ практично и професионално да се насочуваат и надоградуваат во однос на она што од нив ќе се бара кога конкретно ќе бидат вклучени како професионалци. Исто така ќе имаат можност да стекнат информации каде би можеле да се вработат, а секако ќе имаат можност да остварат и контакти со нивните идни работодавачи каде ќе можат конкретно да се понудат како работна сила во однос на она за кое се образуваат.

2

Со воведувањето на активна програма за рано професионално насочување на учениците од завршните одделенија во основните училишта и за учениците од средните училишта, учениците ќе имаат можност:

  • соодветно да ги откријат, истражат и преиспитаат нивните желби и интереси;
  • да го согледаат сопствениот талент и способности;
  • согласно нивниот интерес и желба конкретно да осознаат дали правилно избрале и дали нивните интереси и желби се едно, а реалноста е нешто сосем друго;
  • одблиску да се запознаат со спецификите на нивната идна професија;
  • да се запознаат со светот кој го нуди тоа работно место во однос на културолошките, економските и социјалните становишта.
  • да се запознаат со влијанието на нивната професија во однос на целокупниот општествен живот;
  • да размислат за факторот здравје во однос на поврзаноста со нивната професија;
  • преку пракса реално да стекнат увид во однос на она што ги чека и е поврзано со нивната професија;
  • да стекнат сознанија во однос на нивните идни дошколувања поврзани со професијата;
  • да бидат во можност да креираат сопствени видувања и стратегии за нивната кариера во дадената професија;
  • да направат личен профил и профил на занимањето за кое се одлучиле и да направат еден пресек во однос на тоа дали донесле добра одлука при изборот на нивната идна професија.

Новите текови на општествениот живот нудат брз технолошки развој и современ начин на живеење. Оттука се јавуваат или ќе почнат да се јавуваат нови професии, а да изумираат одредени постоечки професии. Новите текови на живеење превидуваат професии кои се на нивниот сам почеток, а некои од нив се претпоставува дека во многу блиска иднина ќе се појават. Светските тренд-предвидувачи имаат собрано опсежни информации и при тоа имаат изготвено листа на области за кои се верува дека во многу блиска иднина ќе понудат нови работни места, фактори на влијание за појава на нови работни места се:

  • стареење на човечката популација;
  • намалување на расположливите ресурси;
  • страв од насилство и криминал;
  • домот како извор за работа и рекреација;
  • интерес за здрав живот и фитнес;
  • проблеми поврзани со местото и околината на живеење;
  • подигнување на нивото на психолошки стрес;
  • преместување на популацијата во однос на нивното место на живеење од централно на периферно подрачје;
  • изнаоѓање на слободно време;
  • единствена фамилија;
  • вработени семејни партнери;

1

Нови професии кои од скоро се имаат појавено или ќе се појават во многу блиска иднина се:

  • личен тренер;
  • сервис за нарачки;
  • шминкер;
  • личен фитнес тренер;
  • мобилен сервис за домашна нега на стари лица;
  • професионален организатор;
  • чувар на домашни миленичиња;
  • медиатор (посредник);
  • професионален консултант;
  • организатор на средби и состаноци;
  • консултант за лична сигурност и безбедност;
  • свадбен консултант и организатор;
  • дигитален архитект кој дизајнира виртуелни објекти за пропагандни пораки;
  • лице за изработка на делови од тело за атлетичари и војници;
  • контролор на климатските услови, лице кое ќе управува и ќе ги менува временските услови;
  • лице за дизајнирање и управување со холограми и виртуелни луѓе;
  • брокер за време, кој ќе управува со вишокот ваше слободно време, каде ќе може да го понуди вашиот вишок на слободно време во замена за парична надокнада или некое друго материјално добро или услуга;
  • личен менаѓер за брендови кој ќе развива и управува ваши лични брендови;
  • биоинформатичар, сручњак за синтетичка биологија;
  • консултант за учење на далечина;
  • специјалист за интеграција на дигиталните медиуми;
  • стручњак за унапредување на апликациите за мобилен телефон;
  • инженер и техничар за енергија од обновливи извори;
  • специјалист за виртуелна безбедност;
  • стручњак за производство на органска храна.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.